Пратеник го бојкотира македонското Собрание затоа што му го претресувале возилото
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019 12:08
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, денеска реши да ја бојкотира седницата на собраниската комисија за труд и социјална политика, затоашто, како што кажа тој, сабајлчето го сопрела полициска патрола и му го претресувала возилото. Манојлоски бара официјално известување за причината за ваквиот наводен потег од страна на МВР.
Поради отсуството на Манојлоски, претседателката на собраниската Комисија за труд и социјална политика Весна Пемова денеска ја прекина седницата поради немање кворум, откако тој ја напушти во знак на револт, како што кажа, поради инцидент што му се случил на пат кон Собранието.
Тој рече дека утрово кога одел на работа кон Собранието на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров бил запрен од страна на вооружени полицајци кои, како што посочи, и покрај тоа што им кажал дека е пратеник му рекле да излезе со цел да извршат претрес внатре во возилото.
На дневниот ред на Комисијата за труд и социјална политика е годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2018 година.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




