11 Декември, 2025
0.2427

ПРАШАЊЕ КОЕ „НЀ МАЧИ“ - КОЛКАВА КАМАТА ЌЕ ИМААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОБВРЗНИЦИ? Државата за државна обврзница даде стапка од 5,9 отсто

Објавено во: Финансии 18 Мај, 2023 09:05

Добивај вести на Viber

Додека во финансиските кругови во земјава моментално е најактуелна темата за граѓанските обврзници, кои Министерството за финансии планира да ги издаде во јуни и од кои има намера да собере околу 50 милиони евра, а јавноста сеуште нема информација колку ќе изнесува нивната каматна стапка, државата си издаде државна обврзница.

Нејзината каматна стапка е 5,9 отсто, исто како и државната обврзница која ја издаде некаде кон почетокот на април годинава. Новата обврзница што ја издава државата ќе биде на сума од 11 милиони евра, а нејзиниот рок на доспевање ќе биде 15 години, односно таа ќе биде целосно исплатена во мај 2038 година. Деновиве државната обврзница почнала да котира и на Македонската берза, за што таа ја извести инвеститорската јавност. Инаку, државата ја издава оваа обврзница без девизна клаузула.

А завчера, министерот за финансии Фатмир Бесими, најави дека од наредниот месец ќе се издаде првата граѓанска обврзницата. Таа, според него, ќе им овозможи на граѓаните и нова можност за вложување на своите слободни средства.

„Со ова ќе им се овозможи на граѓаните да купуваат обврзници со кои ќе можат да тргуваат на берзата. Ова е всушност проширување на финансискиот пазар, и се планира веќе две години. Годинава започнуваме, а ќе објавуваме секоја година. Со ова граѓаните ќе можат да ги користат парите кои ги имаат заштедено за купување обврзница, а потоа тие пари ќе се искористат за инвестиции“, рече Бесими.

Првиот финансиер на брифингот со новинарите рече дека каматата на граѓанската обврзница уште не е дефинирана, но ќе биде повисока од каматите на депозитите на банките. Со тоа граѓаните би добиле повеќе отколку да ги чуваат парите во банките, а државата би се задолжила помалку отколку да позајмува од странство.

Која е цената што би ја имале граѓанските обврзници, односно на кое ниво би зе позиционирала нивната каматна стапка. 

Според последното соопштение од НБМ, каматната стапка на вкупнте депозити, иако е порасната, таа е на ниво од 1,1 отсто. Додека, пак, позначајно растат каматите на новопримените депозити, и тие сега се на ниво од 2,04 отсто. Каматната стапка на депозитите за домаќинствата, пак, е уште повисока, и достигна 2,27 отсто.

Значи, ако сака да биде привлечна за граѓаните, државата мора да даде камата за граѓанската обврзница макар над 2,5 отсто, но и повеќе ако планира да биде поатрактивна од банкарските депозити.

А, ако се зборува за тоа дека оваа камата ќе биде пониска од онаа по која државата се задолжува во странство, треба да се има предвид дека каматата на последната еврообврзница што ја издаде земјава, беше околу 7 проценти. Што значи дека граѓанската обврзница сигурно ќе има пониска од оваа камтна стапка.

И, треба да се имаат предвид државните обврзници кои се издаваат на домашниот пазар, и чија камата, како што видовме, во моментов е 5,9 проценти.

Во меѓувреме, Народната банка пред неколку дена соопшти дека оди на ново зголемување на каматните стапки, искачувајќи ја основната камата до нивото од 5,75 проценти.

Како што финансиските експерти коментираа за Фактор, државна обврзница граѓаните можеа да купат и досега, преку банките, па не станува збор за нов инструмент или некаква посебна иновација.

Според професорот Марјан Петрески, понудата по повисоки каматни стапки од банкарските ќе доведе до нагорно придвижување и на тие каматни стапки, па затоа тој не очекува дека евентуален ексклузивитет на државата кон тие извори на средства ќе трае долго, односно смета дека пазарот ќе се врамнотежи за брзо.

„Тоа и не е толку лошо, бидејќи моментално пасивните каматни стапки реагираат на затегнувањето на монетарната политика многу побавно од активните каматни стапки, што го проширува рапсонот, односно е поволно за банките и нивните акционери“, рече Петрески.

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска не очекува дека издавањето на граѓанската обврзница ќе има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.

„Станува збор за издавање на обврзница во износ од 50 милиони евра во денарска противвредност. Тоа е исклучително мал износ во споредба со депозитниот потенцијал во банкарскиот систем којшто тековно изнесува околу 8 милијарди евра така што не би се очекувало дека тоа би имало некои позначајни ефекти врз банкарскиот систем“, рече гувернерката.

Банкарите, пак, препорачаа дека Министерството за финансии треба да посвети внимание на утврдување на оптимална висина на каматната стапка, која ќе ги задоволи потребите на емисијата на обврзницата од една страна, но истовремено ќе се избегне испраќање погрешни сигнали на пазарот за цената на парите. Каматнките стапки на депозитите и кредитите се формираат на пазарот, тие се пазарни категории и во крајна линија се поврзани една со друга, објаснија од банкарскиот еснаф.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

Нов извештај од Германците покажува: Ова се најдобрите, а ова се најлошите автомобили

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

„Буџетот не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност“: Димитриеска Кочоска од Собранието

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

СКОПЈАНИ „ДО ГУША“ ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ: На градот му должат над 36 милиони евра

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

МФ: Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија, каматата 4,5%, рочноста 2 години

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

Цена на златото во 2026 година: Дали историскиот пораст ќе продолжи?

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ДАЛИ БИ ПРИФАТИЛЕ ВАКВА ПОЗИЦИЈА ЗА ПЛАТА ОД СКОРО 53 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ? ПИОМ е во потрага по раководител

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЛИДЛ - не залудно е оценета како најдобра компанија

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?

Бакарот руши рекорди: Што стои зад ненадејниот скок на цените?