ПОЗНАТО КОГА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА: Ватикан со важно соопштение
Објавено во: Свет 22 Април, 2025 11:21
Погребната миса за папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април 2025 година, во 10:00 часот на плоштадот Свети Петар, соопшти денеска канцеларијата за печат на Светата столица.
Кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардинали, ќе ја предводи мисата која ќе ја сослужат патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет.
Телото на покојниот папа Франциск потоа ќе биде однесено во базиликата Свети Петар, а потоа во базиликата Санта Марија Маџоре каде ќе биде погребан.
Пред погребот, ковчегот со телото на папата ќе биде пренесен од капелата на Домот Санта Марта до базиликата Свети Петар.
Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата римска црква, ќе претседава со обредот на преведување в среда, 23 април, кој ќе почне во 9:00 часот со момент на молитва. Поворката ќе помине низ плоштадот Санта Марта и плоштадот на римските првомаченици, соопшти Канцеларијата за печат на Ватикан.
Поворката потоа ќе излезе преку сводот на камбаните на плоштадот Свети Петар и ќе влезе во ватиканската базилика преку централната врата.
На олтарот на исповедта, кардиналот камерленго ќе претседава со Литургијата на Словото, по што ќе почнат посетите за оддавање почит на починатиот понтиф.
ФОТО:ЕПАМожеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




