ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ПОВТОРНО Е НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ - поседува повеќе од 200 милијарди долари, еве кого симна од тронот и кој му дише во врат
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2024 11:19
Џеф Безос повторно го зазеде првото место на најбогат човек на светот, пишува Poslovni puls.
Според индексот на милијардери на Блумберг, ко-основачот на Амазон го симна од тронот Бернард Арно и сега е на првото место меѓу 500-те најбогати милијардери во светот.
Богатството на Безос е 209 милијарди долари, а неговото богатство се зголеми за 32 милијарди долари од почетокот на оваа година бидејќи акциите на Амазон скокнаа за речиси 25 проценти.
Илон Маск е следниот најбогат човек во светот по Безос и Арно, со нето богатство од 200 милијарди долари. Најдобрите пет ги заокружуваат Марк Закерберг со богатство од 179 милијарди долари и ко-основачот на Google, Лери Пејџ, со нето богатство од 156 милијарди долари.
Блумберг претходно објави дека минатиот месец Безос дал 117 милиони долари, повеќе од половина од приходите од продажбата на 1,1 милион акции во текот на два дена, за финансирање на предучилишните установи што ги основал. Пред две години тој вети дека поголемиот дел од своето богатство ќе го донира во добротворни цели.
Пословни.хрМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




