18 Декември, 2025
0.0379

ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ГОРАН АНТЕВСКИ СЕ СТЕКНА СО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРЕДНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА - еве за што извести банката

Објавено во: Финансии 06 Мај, 2025 11:11

Добивај вести на Viber

Познатиот бизнисмен Горан Антевски, кој е член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, купил 1.000 акции на таа банка. 

Инаку, покрај тоа што е член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка, Горан Антевски е понат како генерален директор на Раде Кончар ТЕП, успешна македонска компанија со која долги години управува токму Антевски.

За информацијата дека членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купил акции, Комерцијална банка ја информираше инвеститорската заедница преку Македонската берза.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, Член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во објавата од банката споделена во текот на денешниот ден. 

Нема прецизна информација точно кога и по која цена Горан Антевски се стекнал со овие акции на банката, но во прилог на тоа можеме да се повикаме на информациите од последните неколку блокови, кога цената се движеше меѓу 28 илјади и 28.500 денари, или на редовниот пазар, каде најниската цена во последниов период беше на 22 април, 27.525 денари за акција, но оттогаш наваму постојано оди нагоре, за вчера да дојде 29.062 денари за акција. 

На редовниот пазар значајна количина акции на Берзата со акциите на Комерцијална банка се истргувала на 2 мај годинава, кога се продадени 1.157 акции, по 28.605 денари за акција.

Или, под претпоставка дека акциите се купени по таа цена, значи дека Антевски за акционерски пакет од 1.000 акции, платил околу 460 илјади евра. Доколку не се работи за акции купени во претходните неколку месеци. Според вчерашното тргување, овие негови акции сега вредат околу 473 илјади евра. 

Ова е значајна сума, а говори дека познатиот бизнисмен кој е и член на НО на банката, има доверба во работењето на таа банка, а со тоа и во перспективите и вредноста на нејзината акција. 

Инаку, и во претходниот период Антевски има купувано акции на банката, неодамна тој се стекна со 100 акции, а имало и претходни објави дека се стекнал со акции на банката во која има значајна фукција. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми