ПОЗНАТИ ДАТУМИТЕ: Кога би можел да се одржи првиот круг од претседателските избори?
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019
21 април е можниот датум на кој Македонија би можела да избира нов шеф на државата а 5 мај се спомнува како втор претседателски круг.
Ова денеска го откри собранискиот спикер Талат Џафери кој потенцираше дека овие датуми се разгледуваат како можни.
Џафери истакна дека тоа би било согласно Изборниот законик во однос на роковите кои треба да се запазат, односно не повеќе од 90 дена и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивното одржување.
Мандатот на актуелниот претседател Иванов завршува на 12 мај.