19 Мај, 2024
0.0502

ПОЗНАТА СУМАТА КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ УДЕЛОТ НА ДРЖАВАВА ВО ТЕРМИНАЛОТ ВО АЛЕКСАНДРУПОЛИ - парите за 10 отсто веќе се на сметката на АД НЕР

Објавено во: Економија 06 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Сума од 10 милиони евра е веќе исплатена од државната каса, за купување на 10 проценти од гасниот терминал Александруполи во Грција. Оваа информација претходно не беше објавена во јавноста, а за Фактор вчера ја потврди Бајрам Реџепи, директор на АД НЕР, државната компанија за изградба на гасоводот во земјава.

На средината на минатиот месец Министерството за економија му исплатило сума од 10 милиони евра на АД Национални енергетски ресурси. Тоа го покажува платформата Отворени финансии, од која се гледа дека трансакцијата се случила на 14 април годинава, при што Економија исплатиле точна сума од 624.998.989 денари, односно 10,16 милиони евра.

Фактор го праша директорот на АД НЕР Бајрам Реџепи, со која цел му се исплатени овие средства на државното акционерско друштво.

Реџепи објаснува дека овие пари се добиени бидејќи преку АД НЕР ќе оди плаќањето на 10 те отсто што Македонија ќе ги купи од гасниот терминал во Александруполи, чија изградба, со голема свеченост, стартуваше пред два дена.

„Веќе се потпишани меморандумите со акционертите од кои нашата држава ќе ги купи акциите. Практично, ние ќе купиме по два отсто од петте акционери на терминалот, со што ќе обезбедиме 10 отсто од акциите“, вели Реџепи за Фактор.

Тој во нашиот телефонски разговор вчера ни изјави дека веќе е во Софија, Бугарија, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, токму со цел за реализација на купувањето на планираните 10 отсто од акциите од гасниот терминал во Грција.

А министерот за економнија, Крешник Бектеши, пак, вчера објави фотографија заедно со бугарскиот и грчкиот министер, нагласувајќи дека е тоа „зазголемена безбедност во снабдувањето со природен гас, и диверсификација на извори!“.

Бектеши информираше дека вчера во Софија заедно со колегите министри од земјите од регионот и ЕУ разговарале за енергетската безбедност, потребата за итна рекација во нарушувањето со снабдување со енергенси како резултат од кризата во Украина, декарбонизацијата и зелената транзиција, како и за формирањето на првата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас во рамки на сеопфатната платформа на ЕУ.

„Регионот произведува многу историски прашања и потребно е во овие тешки времиња неопходно е да се трегне историјата настрана. Ги повикав моите колеги на солидарност заеднички да изнајдеме решенија кои ќе бидат во интерес на сите земји.На Министерскиот состанок за енергетика во Софија беше формирана новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас која ги вклучи и земјите од Западен Балкан. Во оваа платформа свое учество има и Северна Македонија“, напиша Бектеши на Фејсбук.

Инаку, јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија.Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од САД, Блискиот Исток и други земји.

Нашата држава потпиша меморандум според кој ќе располага со 10 отсто од акциите во овој терминал. Сепак, за да дојде тој гас во земјава, треба да заврши и изградбата на гасоводот кај нас. Според најавите, во јуни треба да се објави јавниот повик, а цевководот да биде готов во следните 18 до 20 месеци, а тогаш и се проценките дека ќе заврши изграбата на гасниот терминал.

„Обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до намалени трошоци, но и до намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните. Гасниот терминал е од огромно значење за регионот и од аспект на диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со природен гас со отворањето на овој дополнителен гасен коридор“, изјави од Грција премиерот Димитар Ковачевски.   

Кирјакос Мицотакис, пак, премиерот на Грција, рече дека нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент.

„Со овој, но и со други планирани проекти набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа“, нагласи тој.

Инаку, како што беше објавено, терминалот ќе се состои од пловечки објект во кој ќе се чува енергенсот, a ќе стига во цистерни со бродови.

Според премиерот Ковачевски, ова ќе влијае и на намалувањето на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во земјава.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници