24 Октомври, 2024
0.0282

Познат струмички тандем татко-син „инсталира“ бизниси со електрична енергија

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Познатите струмички бизнисмени - синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев, продолжуваат да покажуваат сигнали на интерес во бизнисот со електрична енергија. 

Горан Крстев е еден од двајв=цата основачи на нов субјект за производство на струја - Солар ЦД во Царев Двор, Ресен. Во моментов нема конкретни информации за какво и колкаво производство на струја станува збор во овој проект.

Се повеќе познати бизнисмени се одлучуваат да влезат во производството на електрична енергија, дејност која со „зелената агенда“ станува популарна во овој период во земјата.

Симеон Крстев, татко на Горан Крстев, во изминатиот период стана управител на новоформирана компанија Енерџи Холдинг, а потоа и на веќе основаната Центрохелиум. И двете друштва се со дејност производство на електрична енергија.

Горан Крстев актуелната опозиција долги години наназад го споменува како близок соработник и бизнис-партнер на семејството на лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев. Ваквите тврдења се темелат на податоците дека Крстев и неговиот татко Симеон Крстев поседуваа удели во компании, кои се доведуваат во врска со Заеви и други нивни соработници.

„Зелените“ бизниси во моментов се на висока цена во Македонија која важи како одлична дестинација по однос на потенцијалот што го поседува и условите кои ги овозможува.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари