14 Декември, 2025
0.0409

ПОЗИТИВНАТА КОМПАНИСКА КУЛТУРА КАКО СТРАТЕШКА ПРЕДНОСТ НА ИТ КОМПАНИИТЕ

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2023 09:51

Добивај вести на Viber

Добросостојбата на вработените е аспект кој ги засега сите компании, од сите индустрии. Иако свесноста за потребата од здрава работна средина е висока, евидентно е дека досега ниту една индустрија не ставила фокус на подобрување и развивање на позитивна компаниска култура како што тоа го има направено ИТ индустријата.

Сепак, и во ИТ секторот перцепцијата за компаниска култура се разликува помеѓу компаниите. Како позитивен пример на нашиот пазар, со работна средина која ги зема предвид потребите на вработените на работното место, но и надвор од него, се издвојува Emit Knowledge – компанија која веќе 10 години создава напредни и прогресивни софтверски решенија, преку развивање на софтверски производи.

Со главно мото “компанија што на прво место ги става луѓето и слободата сами да донесуваат одлуки” Emit Knowledge градењето на позитивна компаниска култура и пријатна работна средина за своите вработени не го гледаат како проект, туку како долгорочна стратегија за раст и развој.

Компаниската култура ја дефинираме како средината во која секојдневно работиме. Ако ставиме едно растение во здрава средина, му даваме вода, сонце и нега, тоа ќе расте и ќе цвета. Но, доколку го ставиме во средина каде нема пристап до основните потреби, тоа ќе овене – истото важи и за вработените, особено во една високо технолошка индустрија како нашата. За нас, компаниската култура не претставува организација на заеднички активности, групни игри или пица во петок, туку активно создавање на заеднички вредности и стандарди кои придонесуваат за добросостојбата на нашиот тим. Комуникацијата е искрена, отворена и сите се поттикнати гласно да го споделат своето мислење.” – велат од Emit Knowledge.

До неодамна, благосостојбата на вработените и балансот помеѓу работниот и приватниот живот претставуваше луксуз, но денес, работите се доста поинакви. Она што повеќето компании го гледаат како чисто алтруистички потфат е всушност многу повеќе од тоа, бидејќи компаниите со силна компаниска култура кои во преден план го ставаат доброто на вработените всушност перформираат подобро од останатите.

Покрај тоа што придонесува за зголемување на задоволството и продуктивноста на вработените, градењето на отворена компаниска култура претставува и стратешка алатка за обезбедување на компанискиот раст и развој, а со тоа и зголемување на вредноста на финалниот продукт за клиентите.

“Успехот на една компанија како целина е невозможен без индивидуалниот успех на вработените”, додаваат од Emit Knowledge. “Компаниската култура е жива материја која континуирано се развива и неа ја создаваат самите луѓе кои работат во неа. Токму затоа сме посветени да им помогнеме на нашите вработени да бидат најдобрата верзија од себе, бидејќи тие го градот патот до сите идни успеси. ”

Emit Knowledge e првата наша ИТ компанија која јавно ја истакна својата кариерна патека, како знак за отворена комуникација со вработените уште пред нивното вклучување во тимот.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија