„ПОЖАРОТ ГИ ЗЕДЕ ТЕЛАТА, СИСТЕМОТ ГИ УБИ ДУШИТЕ“ - почна протестот „Маршот на ангелите“ за жртвите од Кочани
Објавено во: Македонија 29 Април, 2025 14:41
Граѓани, заедно со семејствата на настграданите млади луѓе во пожарот во Кочани, излегоа денеска на мирен протест во главниолт град на земјава.

Засега покрај семејствата на жртвите, најмасовни на протсетот се студентите.
Со бројни испишани мтранспаренти против корумпираниот систем, тие ја предупредуваат власта и органите на прогонот дека нема да се дозволи никој да помине неказнет од оваа голема трагедија, која одзеде 62 млади животи.

„Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Колку животи треба да се изгубт за да се подигне нашата свест“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, се само дел од транспарентите кои можеа да се забележат на овој протест.
Инаку, овој протесет беше закажан од семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека, во Скопје во 12 часот и пет минути на протест, и е насловен како „Марш за ангелите“. Според најавата, маршот почна пред Обвинителството, продолжува на Градскиот плоштад и ќе заврши пред Собранието.

„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себеуништување“, истакнаа семејствата во писмено соопштение.
Во повикот тие нагласија дека и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.

Јавното обвинителство покани на средба на претставници на семејствата, кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Поддршка на протестниот марш дадоа од Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
„Достоинствено, но гласно, да испратиме порака дека Македонија заслужува подобро“, велат студентите.

Родителите на младите кои загинаа во трагедијата, на последниот нивни марш во Кочани, во саботата на 26 април, обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. Во пожарот во „Пулс“, животите ги загубија 59 лица, тројца подоцна им подлегнаа на повредите, а околу 100-на беа повредени. Досега над 60 физички и 3 правни лица се опфатени во истрагата на Обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено




