26 Април, 2024
0.0310

Пожарите ни ги „проголтаа белите дробови“, природата ќе ни врати

Објавено во: Македонија 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Огромни површини со шуми се претворија во пепел во Македонија. Екологистите велат дека уништувањето на шумите ќе има последици кои сите ќе ги почувствуваме.

Тие укажуваат дека мора да се работи на превентива, а не на санирање на последици кога веќе штетата е направена. Љубица Балојани, претседател на организацијата „Еко жена“ од Битола објаснува дека поради пеплосувањето на шумите ќе се соочиме со поголемо аерозагадување.

„Ќе има многу штетни последици, и тоа ќе се одрази на загадувањето на воздухот, појава на свлечишта, штети по животинскиот свет кој ќе остане без храна. Водачите треба да бидат визионери. Петар Петровиќ Његош рекол дека оној што стои на ридот, повеќе гледа од тие под ридот. Надлежните треба да ги предвидат и превенираат тие катастрофи. Човек не треба да биде многу стручен за да сфати дека имаме голема полза од планините и од шумите, но ние треба двојно да вратиме на природата со водење  на грижа“, вели Балојани.

Таа додава дека по насока на стручни лица, ќе мора да се извршат пошумувања за да може по долги години да се обнови шумскиот фонд.

„Тоа е трагедијата, што се уништуваат дрвја кои долги години растеле. Мора да се изврши пошумување, тоа ќе биде неминовно и тоа треба да се направи наесен, кога ќе има влага во почвата. Агрономите знаат кога е идеално време за пошумување. На наше тло успева борот, јаворот, јасенот, липата. Мора да се казнува, затоа што за нашиот народ  не е доволно само укажување, а многу од пожарите се причинети од човечки фактор“, рече Балојани.

Јорданка Калајџиеска од еколошкото друштво „Виножито“ од Штип вели дека појавата на пожари треба да не загрижи сите.

„Од претседателот на државата, до последен граѓанин, сите сме засегнати од оваа тема. Нема што да славиме ако државата гори. Инспекторите преку лето да бидат на терен, да казнуваат, и палењето на стрништа да биде строго забрането, затоа што така се јавија многу летни пожари“, рече таа.

Според неа, треба оперативен план во сите институции и во иднина да не се случуваат вакви немили настани. Изгореа шуми во кочанско, кумановско, гевгелиско, делчевско, пехчевско и во други краеви. Само во околината на Кочани според првичната проценка се уништени 250 хектари шума. Македонија пак е земја која во зимските месеци се бори со екстремно аерозагадување. Нашата земја е меѓу најзагадените во регионот и пошироко.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица