14 Декември, 2025
0.0879

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ - ГОРИ НА 13 ЛОКАЦИИ: формиран кризен штаб, испратени екипи на терен, еве ја состојбата

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024 09:23

Добивај вести на Viber

Тринаесет пожари утрово се уште горат низ Македонија. Во текот на изминатото деноноќие биле активни 24 пожари, од кои дел се изганати, но и понатаму има активни пожари. 

Како што инфомираат од Центарот за управување со кризи, пожар има во оптшина Неготино, во близина на селото Калањево каде гори стблеста шума и грмушки. Пожар има меѓу селата Негорци и Кованец во општина Гевгелија, потоа во Радовиш кај село Штурово и општина Чашка кај селата Јаболчишта и Дреново врв Лисец, како и село Габровник пожар кој се префрлил од село Слепче.  

Пожари има и во општина Росоман, село Сирково и селов Подлест, потоа Студеничани, Зелениково, Штип меѓу селата Драгоево и Селце, во општина Ново Село, Конче и општина Делчево.

Активни се  пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија од Центарот за управување со кризи. Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај  Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен. 

Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето вклучуваше гаснење од земја и од воздух.

Во меѓувреме формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.

За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку својот фејсбук профил. Како што наведува, учествувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалници од општините кои се зафатени со критичните пожари.

- По насока на Владата и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва почнуваме со акција. На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици - напиша Ѓорѓиевски. 

Од ЦУК информираат дека уште од раните утрински часови се интервенира на терен, веќе се испратени восдухопловните летала како поддршка на протипожарните екипи кои се на терен. 

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“