14 Декември, 2025
0.0484

ПОВТОРНО ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Колку далеку може ветерот да ги однесе ПМ 10 честичките?

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2023 07:37

Добивај вести на Viber

Високото аерозагадување повторно е актуелно. Ветерот може да ги носи ПМ честичките на голема далечина. Oвие честички долго време остануваат во воздухот.

„ПМ 10 честичките можат да останат со часови во воздухот и да се пренесат до некаде 50-ина километри. Но, ПМ 2.5 честичките кои се многу поопасни, можат да останат во воздухот долго време, до неколку недели и да се пренесат на стотици до илјадници километри од изворот. Што значи, да, силниот ветер ги носи ПМ честичките од урбана во рурална средина, но и обратно. Колку ќе се пренесе таа загаденост зависи од повеќе фактори. Ако ветерот е силен, ќе ги дисперзира на поголема површина и концентрацијата ќе се намали значително, до степен каде загаденоста е незначителна, ако има дожд, ќе ги спушти на земја и нема да се пренесат понатаму, а ако има магла и нема движење во воздухот, ќе останат во градот“, вели Татјана Чакулев од О2 Иницијатива.

Граѓаните сметаат дека поодалечените села кои се на поголема надморска височина имаат почист воздух за разлика од оние кои се блиску до градовите.

„Во Брвеница на пример е загадено и се чувствува при дишење. Вратница е подалеку од градот, на 22 километри оддалеченост, на високо е и тука воздухот е почист. За греење, луѓето се греат на дрва, струја, пелети, секој различно“, вели Ненад Ј. жител на тетовско.

Некои луѓе раскажуваат дека викендите ги поминуваат во село, за да избегаат од урбаните средини каде тешко се дише.

„Јас за викенди сум во кумановското село Речица. Не сум почувствувал дека воздухот е загаден. Мене ми е пријатно таму. Во близина немаме некоја депонија да гори, а оние села каде има депонии, ако често ги палат, веројатно воздухот е загаден“, објаснува кумановец.

Скопје повторно е високо рангиран на листата на најзагадени градови во светот. Синоќа по 21 часот, на листата на air visual беше на 8-то место. По 21 часот синоќа, воздухот во Струмица беше многу високо загаден.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/tridsanu1984

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина