14 Декември, 2025
0.0542

Поврат на ДДВ за граѓаните: Кои се двете општини каде ќе се проба проектот

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2018 07:50

Добивај вести на Viber


Најави има, но на терен ништо конкретно. Повратот на данокот на додадена вредност (ДДВ) за граѓаните требаше дапочне во втората половина од оваа година во две пилот општини, но засега стартот не е официјализиран. Од Министерството за финансии велат дека нема никакво поместување, иако се тврди дека останува идејата оваа мерка да сереализира од почетокот на следнатагодина. За да почне, како што најави и премиерот Зоран Заев, требаше, деталите за функционалноста во два региони да сеиспитуваат веќе овој јули. Кога ќе почне „пробата“, нема одговор.

„Засега нема никакво поместување во таа насока. Кога ќе има детали ќе бидат обелоденети, велат од Министерството за финансии.

Фактор ги праша зошто и покрај најавите проектот за поврат на ДДВ кај граѓаните не почна во двете пилот општини. Не се знае ниту кои се тие две општини ниту пак, како точно ќе се спроведе реформата.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во последното интервју, минатата недела рече дека, следна даночна реформа на која работи УЈП е токму оваа реформа.

„Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот „Повеќе пари кај граѓаните“ кој треба да овозможи поврат на 15 отсто од износот на платениот ДДВ на физички лица, рече Лукаревска.

Премиерот Зоран Заев најавуваше дека ако се враќа по 15 отсто од ДДВ кој е исплатен при секоја фискална сметка кај граѓаните ќе завршува на годишно ниво од 25.000 до 30.000 денари или една просечна плата. Како што најави и самиот, на мерката ќе и претходи пилот проект кој ќе се реализира во два региони во Македонија за да се утврди дали системот ќе функционира.

- Ваков систем изискува соодветна административна подготовка. Во второ полугодие на 2018 ќе го испробаме овој систем на две места во Македонија за да го провериме неговото функционирање и за да ги слушнеме ставовите, да ги утврдиме предностите и слабостите. Ако системот функционира, граѓаните ќе бидат мотивирани и ќе си бараат фискална сметка насекаде, а преку тоа целиот систем на уплатана ДДВ ќе се зголеми. Ова е механизам кој успева во одредени земји. Ако двата региони ги дадат овие резултати, во 2019 одиме низ цела територија, изјави премиерот.

Сепак засега од пилотот нема ништо.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари