14 Декември, 2025
0.2559

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, ја истакна потребата од подобрување на работничките права во приватниот сектор и ги повика работниците да се приклучат на Првомајскиот протест. Клучните барања на синдикатот се повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на законските права.

-Приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата. Приватниот сектор е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе. Но, за овие две работи потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност за да платите во овој сектор надминат 50 и 60.000 денари. Онолку колку што минимум треба да земаат вработените во приватниот сектор особено вработените во трудо-интензивните дејности, рече тој. 

Нивното барање, како што дополни, се однесува на сите работодавачи од приватниот сектор.

-Особено оние кои пред некој ден се изјаснија дека недостасува кадар во државата. Уште повеќе ќе недостасува доколку не зголемите плата. Со сета почит кон одредени работодавачи исто од приватниот сектор кој почитуваат и Закон и колективен договор па овие проблеми се одамна надминати но тоа е сосема мал процент од вкупниот број вработени, дополни Пешевски.

Потсети дека ССМ активно работи на правна заштита на работниците, и информираше дека во текот на 2024 година, бесплатна правна помош и заштита добиле над 12.000 работници. 

Тој потенцираше дека синдикатот се соочува со притисоци и напади врз своите членови. 

-Во меѓувреме, додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови и репрезентативност на ниво на држава, пријавени се повеќе напади кон членовите на гранките во ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој нажалост не бара зголемување на плати па се сомневаме дека затоа е омилен и на владата. Нашиот апел е да не се наседнува на ваков тип притисок и членовите самоволно и доброволно веќе оддамна се определиле во кој синдикат ќе членуваат, порача Пешевски.

Протестот е закажан за 11 часот пред Собранието на Македонија, а ССМ повикува Владата и работодавачите да преземат одговорност за моменталната состојба и да овозможат итно зголемување на платите во приватниот сектор.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година