29 Април, 2024
0.0249

Повик за Менторска програма за млади професионалци

Објавено во: Мои пари 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Врз основа на член 58 од Статутот на Друштвото (КД Фондови), а со цел унапредување на својот работен делокруг, извршниот директор за односи со вложувачите го објавува следниот ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во Менторска програма за млади професионалци.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат потенцијалните кандидати:

  • Да се на возраст до 27 години;
  • Да имаат стекнато високообразовна квалификација или да се запишани во последната година на студии од областа на општествените науки;
  • Да се елоквентни и умешни при отпочнувањето на конверзација со луѓе од различна професија, возрасна група, пол и социјален статус;
  • Да негуваат деловен изглед;
  • Да поседуваат добра репутација.
Потребна документација за пријава за учество во програмата:
  1. Автобиографија (CV)
  2. Детално разработено пропратно писмо, во кое јасно и детално ќе бидат опишани замислата и решеноста на кандидатот за успех во дејноста која ја извршува КД Фондови АД Скопје. Добро структурираното пропратно писмо е од клучно значење за Вашата апликација во процесот на селекција на кандидатите. Поради тоа, за неговата подготовка, информирајте се за мисијата, вредностите и бизнисот на нашата финансиска институција преку веб странава, како и преку групациската веб страна: www.kd-group.com/en/.
Пријавите со потребната пропратна документација може да се испраќаат континуирано, до крајот на 2016 година, на електронската адреса:
marijan.nikolovski@kd-group.com
Забелешка: Приложените документи треба да бидат во .doc/.docx или .pdf формат, со вкупна големина која не надминува 2MB.
Сите пријави ќе бидат третирани во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Селекцијата и изборот на кандидатите ќе се одвиваат тековно. Контактирани и поканети на интервју ќе бидат само оние кандидати, кои по евалуацијата на испратената документација ќе влезат во потесниот избор.Избраните кандидати ќе бидат ангажирани за самостојна работа и стекнување на практични искуства под менторство на извршниот директор. Во програмата за работа, која ќе биде  индивидуално договорена со секој кандидат, ќе бидат вклучени и паричните надоместоци кои следуваат за остварените работни активности и постигнатиот деловен успех. За кандидатите кои низ програмата ќе се истакнат со постигнатите резултати, постои голема можност да добијат понуда за засновање на редовен работен однос, која вклучува и детален опис на условите за кариерен напредок.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг