03 Јули, 2020
0.0237

Повик за акција - UNSMOKE your world

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

UNSMOKE your world, кампања која претставува повик за акција за сите пушачи, непушачи, регулатори и сите вклучени страни за подобра иднина за 1,1 милијарда пушачи, нивните семејства, пријатели и околината. Ова беше основната порака на претставникот на Филип Морис Интернешнал испратена на Самитот Македонија 2025.

„Пред 5 години го лансиравме првиот производ без чад, производ базиран на навистина сериозна наука и технологија, производ кој навистина има потенцијал да направи разлика во светот, на подобро. Оваа кампања е всушност логично продолжение на обидот за пушачите, секако и непушачите кои се во непосредна близина, но и сите други, луѓе кои работат во јавното здравство, регулатори, да бидат на една  иста страна, да бидат дел од идејата дека иднината без чад е сосема можна и дека не мора да се постигне само преку старата парадигма што е: Не започнувајте или престанете да пушите. Ние во Филип Морис велиме - Ако не пушите, не започнувајте; ако пушите, откажете се; ако не се откажете, променете. Промената треба да се направи денес, кога имаме можност за алтернатива”, изјави Иван Милетиќ, Директор за екстерни прашања за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал.

Филип Морис Интернешнал, заедно со повеќе од 400-тина менаџери, претприемачи, членови на академијата, дипломати, високи функционери и успешни млади професионалци, годинава беше дел од осмото издание на самитот Македонија 2025 кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата и технолошките иновации.

Богатата тридневна програма на самитот беше исполнета со работилници за развој на вештини, засебни тематски сесии и повеќе од 10 панел-дискусии, а главниот фокус на истата беа две главни теми и тоа „Иднината на работните места и вештините“ и „Иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина” и токму на оваа тема Филип Морис ја претстави својата кампања „UNSMOKE your world“.

Покрај главните две теми, на самитот се дискутираше и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компании и други интересни дебати.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс: Проектот за рудник Иловица-Штука да не се злоупотребува за политички поени

Еуромакс: Проектот за рудник Иловица-Штука да не се злоупотребува за политички поени

Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

Семос Едукација – вашата прва станица за реализација на владините ваучери

Семос Едукација – вашата прва станица за реализација на владините ваучери

Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

„Курвински хроники“ е роман за сите нас кои го фрламе првиот камен

„Курвински хроники“ е роман за сите нас кои го фрламе првиот камен

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

РСС ќе награди најдобри идеи за дигитални решенија во три области со по 10 илјади евра

РСС ќе награди најдобри идеи за дигитални решенија во три области со по 10 илјади евра

Многу работа, а малку игра нема да ја спаси планетата

Многу работа, а малку игра нема да ја спаси планетата