14 Декември, 2025
0.2594

Повеќе од 1 милион денари за зелени иницијативи: ДМ дрогерие маркт поддржува еко-проекти за заштита на животната средина

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2025 12:57

Добивај вести на Viber

Во светот на иновации и еко-свест, дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија продолжува со вложување во заедницата - овој пат преку поддршка на еко-проекти. Конкурсот ,,Заедно до зелени идеи“ беше отворен за пријави од 10 февруари до 21 март, а еко-проектите кои се избрани за реализација симболично беа објавени токму на Денот на планетата Земја, 22 април. 

Во духот на заедничката борба за подобра и поодржлива иднина, конкурсот привлече неверојатен интерес, со повеќе од 110 креативни проекти пријавени од страна на страствени еколошки активисти, иноватори, организации и здруженија. Овие идеи не само што покажуваат посветеност кон заштитата на природата, туку и создаваат нови можности за позитивни промени во нашата околина.

„Ние во dm веруваме дека секој од нас има улога во создавањето на одржлива иднина. Затоа, со задоволство поддржуваме иновативни идеи кои можат да направат разлика. Избраните проекти не само што ќе помогнат во заштитата на животната средина, туку и ќе инспирираат други да размислуваат и делуваат во насока на создавање на зелени решенија. Одличен пример за тоа како со колективна посветеност можеме да направиме вистинска разлика е нашиот проект  ‘Пошумуваме заедно за позелено утре’ со кој досега сме засадиле 100.000 дрвја. Заедно, можеме да ја промениме иднината, да ја обновиме природата и да оставиме наследство на зелени простори за идните генерации!“ -  изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Избраните проекти ќе се фокусираат на важни активности за заштита на животната средина, вклучувајќи реставрација на речни острови по должина на реката Вардар, што ќе помогне во обновата на живеалиштето на одредени видови птици. Дополнително, ќе се спроведат акции за чистење на отпад на неколку локации во земјата, вклучувајќи и собирање на отпад од Охридското Езеро. Повеќе информации за избраните проекти може да прочитате тука!

Со оваа иницијатива, dm ја потврдува својата улога како лидер во одржливиот развој, охрабрувајќи ги сите да размислуваат зелено и да делуваат во насока на создавање на подобар свет. Заедно, можеме да ја промениме иднината и да создадеме зелени идеи кои ќе траат!


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија