Потврдено од кабинетот на премиерот: Ќе има средба Заев - Иванов
Објавено во: Финансии 07 Мај, 2018
Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев денеска треба да одржат втора средба за усогласување на ставовите околу изборот на гувернер на Народната банка на РМ, потврдија од кабинетот на премиерот.
Средбата е на барање на Заев, откако владејачката парламентарна група се изјасни дека не го поддржува предлогот што неодамна го даде претседателот Иванов актуелниот гувернер Димитар Богов повторно да ја извршува оваа функција. Богов, кој е гувернер на Народна банка на Република Македонија од 2011 година, неодамна во одговор на новинарско прашања рече дека очекува нов гувернер да биде избран во предвидениот рок и притоа да се почитува законот за НБРМ.
Институцијата, посочи, не смее да се остави без прв човек, бидејќи тоа би имало негативни импликации врз економијата на државата. Седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер истекува на 21 мај годинава.