ПОТВРДА ЗА ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНИ-СЛЕДНА МЕРКА ОД ОКТОМВРИ: Филипче најави дека ова сигурно ќе го препорачаат
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2021 14:20
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во Институот за јавно здравје
се прави детална анализа која се однесува на бројот на новозаразени со ковид,
возрасните групи, како и опфатот на вакцинација по градови. Од податоците од
оваа анализа, како што истакна министерот Филипче, ќе зависи какви мерки ќе се
предлагаат во наредниот период.
-Станува збор за битна анализа која ќе биде еден од индикаторите за тоа какви мерки евентуално дополнително био предложиле. Сакам да потенцирам дека една од мерките што сигурно ќе се препорача, но секако ќе оставиме и доволно време да помине, две или три недели, а тоа е потврдата која сега мора да се приложи за влез во молови угостутелски објекти и на други места за примена барем една доза вакцина, тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани граѓани. Ова најверојатно ќе биде препорачано во октомври, истакна министерот Филипче.
Освен тоа, тој на прес конференцијата истакна и дека засега не се размислува за воведување мерка задолжителна вакцинација, иако во некои земји во светот тоа се спроведува.
-Сметам дека засега е рано за вакво нешто, најважно е да се почитуваат мерките кои се насила и секако да се одговори на апелите за вакцинација, со цел да се зголеми опфатот. Но, не ја исклуќувам можноста и сум прилично сигурен дека сите земји во светот во периодот што доаѓа, а можно е веќе и следната годинада имплементираат таква мера-задолжителна вакцинација. Тогаш таква мерка би имплементирале и ние, нагласи денеска министерот Филипче.
А. Б.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





