14 Декември, 2025
0.0549

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката

Објавено во: Економија 21 Септември, 2023 14:28

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека контролите на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, кои стартуваа од вчера, ќе продолжат до крајот на ноември, а секоја недоследност која граѓаните ќе ја забележат треба да ја пријават во ДПИ, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е задоволен од тоа како досега се почитува владината одлука за поевтинување на прехранбените производи од страна на трговците, објаснувајќи дека од идната недела ќе се намалат за минимум десет проценти и цените на пијалоците.

„Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите синџири маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, имајќи предвид дека немаме намера да донесеме некое ограничување во делот на синџирите супермаркети платите зашто генерално годинава главниот товар беше врз нив“, рече Бектеши кој денеска беше во посета на еден маркет.

Според Бектеши, нови ограничувања за супермаркетите ќе нема и затоа што некои од нив ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и во објавата на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.

На прашањето дали Министерството е запознаено со информациите дека производителите на месо не ги доставуваат свежите производи до маркетите за да може да го продаваат во своите продавници без издавање фискална сметка, министерот рече дека Владата носи одлуки кои се задолжителни за секторот трговија во што е вклучено и месото.

„Имајќи предвид дека освен задолженија за ланците супермаркети или во делот на малопродажбата, во владината Одлука има задолженија и за добавувачите и производителите. Утрово имавме дополнителна координација со ДПИ кој од вчера попладне веќе вршеше контроли. Во моментот се во тек различни контроли и тоа ќе продолжи до крајот на ноември. Ако граѓаните забележуваат дека вакви работи може да се случуваат, да пријават во Инспекторатот и согласно законските одредби и задолженијата што ги добиле, тие ќе постапат и за нив ќе следи тоа што е предвидено во законските прописи“, рече Бектеши.

Во однос на намалувањето на добивката која трговците ќе ја имаат по поевтинувањето на производите, од менаџментот на КАМ беше кажано дека пресметките се уште не се направени.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји