ПОСТОИ ОПЦИЈА: Јавно да се објавуваат имињата на лицата кои треба да одат во самоизолација
Објавено во: Македонија, Интервјуа 15 Јуни, 2020
Има луѓе кои даваат погрешни адреси, погрешни телефони, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој изјави дека имаат проблем да ги поделат решенијата за самоизолација.
Рече дека една од опциите е јавно да се објават имињата на лицата кои треба да бдиат во самоизолација, затоа што одбиваат да соработуваат.
Филипче апелираше на одговорно однесување.За 24 часа има 103 нови заболени. Последните денови бројот на заболени е висок.