04 Декември, 2023
0.2298

ПОСТАПКАТА И ПО 28 ГОДИНИ Е ОТВОРЕНА: Клучните детали од атентатот на Глигоров

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието.

Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КНИГА НА ЖАЛОСТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ВО ПЕСТАЛОЦИ - општина Центар завиена во тага, се бара целосно расветлување на случајот

КНИГА НА ЖАЛОСТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ВО ПЕСТАЛОЦИ - општина Центар завиена во тага, се бара целосно расветлување на случајот

ГРУБИ Е КРАЈНО ВОЗНЕМИРЕН ОД КИДНАПИРАЊЕТО И УБИСТВОТО НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА: Мора да ги отстраниме убијците!

ГРУБИ Е КРАЈНО ВОЗНЕМИРЕН ОД КИДНАПИРАЊЕТО И УБИСТВОТО НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА: Мора да ги отстраниме убијците!

ВО ЈАВНОСТА ВЕЌЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ИМИЊА НА СТОРИТЕЛИ: Официјална потврда од надлежните нема

ВО ЈАВНОСТА ВЕЌЕ СЕ СПОМЕНУВААТ ИМИЊА НА СТОРИТЕЛИ: Официјална потврда од надлежните нема

УШТЕ ЕДЕН АДВОКАТ СЕ ОГЛАСИ: Апел до сите колеги, никој да не се нафати да ги брани!

УШТЕ ЕДЕН АДВОКАТ СЕ ОГЛАСИ: Апел до сите колеги, никој да не се нафати да ги брани!

ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ШОКАНТНАТА ВЕСТ ЗА ВАЊА: Фејсбук преполн со барања за правда!

ЛАВИНА РЕАКЦИИ ПО ШОКАНТНАТА ВЕСТ ЗА ВАЊА: Фејсбук преполн со барања за правда!

СЕ ОГЛАСИ АДВОКАТОТ ЈАНАКИ: Користољубие при првичното киднапирање подразбира да се бараат пари од семејството, пријатели...

СЕ ОГЛАСИ АДВОКАТОТ ЈАНАКИ: Користољубие при првичното киднапирање подразбира да се бараат пари од семејството, пријатели...

РОДИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Ги советуваат своите деца да не излегуваат од дома!

РОДИТЕЛИТЕ ВО ПАНИКА: Ги советуваат своите деца да не излегуваат од дома!

ПРОНАЈДЕНА Е ВАЊА МРТВА ВО ОКОЛИНАТА НА СКОПЈЕ, УБИЕНА Е ИСТИОТ ДЕН КОГА Е КИДНАПИРАНА: Ова се сите детали

ПРОНАЈДЕНА Е ВАЊА МРТВА ВО ОКОЛИНАТА НА СКОПЈЕ, УБИЕНА Е ИСТИОТ ДЕН КОГА Е КИДНАПИРАНА: Ова се сите детали

ПРЕДЛОГ ЗА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦА ОД ПРИВЕДЕНИТЕ КОИ СЕ ПОВРЗУВААТ СО ИСЧЕЗНАТАТА ВАЊА: Истрагата продолжува интензивно

ПРЕДЛОГ ЗА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦА ОД ПРИВЕДЕНИТЕ КОИ СЕ ПОВРЗУВААТ СО ИСЧЕЗНАТАТА ВАЊА: Истрагата продолжува интензивно