ПОСЛЕДНА ПОНУДА: Турција бара визна либерализација
Објавено во: Балкан 13 Април, 2017
Турција инсистира на визна либерализација со ЕУ, за да се изврши миграциониот договор. Ова го изјави турскиот премиер Мевлут Чавушоглу, објаснувајќи дека во јуни неговата земја ќе даде последно предлог за прашањето за укинување на визите за турските граѓани во европските држави.
„Анкара се стреми да го реши прашањето за поедноставување на визниот режим со ЕУ. На Турција и е неопходна визната либерализација, која е еден од условите на договорот за мигрантите“, рече Чавушоглу, цитиран од државната агенција Анадолија.
„Ќе процениме како да продолжиме понатаму и со сите вас ќе ги споделиме одлуките што ќе ги донесеме. Треба да ја добиеме оваа либерализација. На крајот, таа е дел од договорот за прекин на договорот за миграцијата што го потпишавме“, вели турскиот премиер.
Согласно предметниот договор од март 2016 година турската страна на презеде обврската да ги прибира незаконско инфилтрираните од нејзина територија мигранти во ЕУ (главно во Грција), а ЕУ да обезбеди финансиска помош, да ги укине визите за турските граѓани и да ги забрза преговорите за пристапување на земјата кон ЕУ.
Анкара неколкупати поставуваше ултиматуми за роковите на овие договори, но досега не посегнуваше кон нив.