Поскапувањата ни тропаат на врата – кога ќе се зголеми минималната плата?
Објавено во: Економија 08 Јули, 2021 06:57
Поскапа струја, горива, намирници. Високи трошоци за живот и мали плати. Сето ова ги загрижува граѓаните кои очекуваат дека наскоро ќе имаме ценовен шок, а платите тапкаат во место.
Покачувањето на струјата за 12 отсто и еколошката такса од 3.5 денари за литар гориво ќе си го направат своето. Според граѓаните, власта треба да преземе мерки за зголемување на минималната плата, и на платите и пензиите воопшто.
„Ќе биде потешко, полесно секако нема да биде за народот, за работниците. Народот ќе мора да издржи, ќе штеди, нема да оди никаде, трошоците ќе ги сведе само на најнеопходното. Цел век штедиме, а сега уште повеќе ќе треба да внимаваме како трошиме. Платите мора да се зголемат. Мислам дека минималецот треба да изнесува 25.000 денари“, вели Марина Јовановска, граѓанка.
Граѓаните објаснуваат дека со примањата кои ги имаат тешко го поминуваат месецот.
„Ќе видиме како ќе биде со поскапувањата. Колку и да штеди човек, пак нема ништо да направи. Не треба да има плати под 30.000 денари, а минималецот треба да биде од 20.000 до 25.000 денари“, додава Нада Николова, граѓанка.
Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет бара зголемување на платите. Бараат минималната да изнесува 60 отсто од просечната плата. Синдикалната кошничка за мај е зголемена за 180 денари. Според ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари.
М-р Мартин Новески, претседател на Здружението на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ вели дека порастот на трошоците за живот и инфлаторниот притисок во земјава е очигледен, а главна последица од истото е намалување на животниот стандард на граѓаните и натамошно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.
„Дури и во вакви околности, зголемувањето на минималната плата е чувствително прашање кое бара сериозна и длабока економска анализа, од причина што може да предизвика други последици, како сива економија и даночна евазија. Она што би го истакнал како приоритет во вакви услови, е потребата државата да ја зајакне секундарната дистрибуција на доходот и да влијае кон намалување на социјалните разлики, кои под притисок на кризата предизвикана од пандемијата со вирусот Covid-19 дополнително се зголемија. Исто така, тука би се осврнал и кон зголемената јавна потрошувачка, односно на презаситениот буџетски дефицит и енормното зголемување на јавниот долг, за кои е докажано дека водат кон зголемување на каматните стапки и т.н. „истиснување на приватните инвестиции од економијата“. Оттука, решението го гледаме во: воведување на прогресивен даночен систем, при што првенствено ќе се таргетираат приходите остварени по основ на сопственост на капитал и мерки за подобрување на деловната клима и поттикнување на конкурентноста, претприемништвото и вработувањето. Фискална консолидација на расходната страна на буџетот, односно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните расходи и зајакнување на социјалните трансфери и бенефиции“, вели Новески.
Вработените кои земаат најниски плати, и тоа во текстилот, кожарскиот сектор, трговијата, ќе бидат најзасегнати. Од надлежните нема најава за зголемување на минималецот. Минималната плата сега е во висина од 15.200 денари.
Сања Атанасовска
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




