24 Октомври, 2024
0.0241

ПОСКАПУВААТ УСЛУГИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - според новиот тарифник компаниите со повисока пазарна капитализација ќе плаќаат многу повеќе

Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Поскапуваат услугите на Македонската берза, односно еднократниот надоместок што секоја година треба да го платат котираните компании.

Берзата на својата веб страница објави дека веќе од вчера важат измените на тарифникот на надоместоците што ги плаќаат котираните компании.

Фактор се интересираше дали станува збор за поскапување, а оттаму велат дека се работи за промени на методологијата на пресметка, но факт е дека тоа ќе значи зголемување на цените за поголемите котирани компании, односно оние кои имаат поголема пазарна капитализација.

За разлика од тоа, се досега фиксниот еднократен надоместок кој еднаш годишно го плаќаа сите котирани компании изнесуваше 75.000 денари годишно и важеше за сите акционерски друштва што котираат на берзата, независно од висината на нивната пазарна капитализација.

„Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците од 29 мај годинава, и Решението на Комисијата за хартии од вредност од 06 јуни, од 17 јуни (вчера -н.з.) почнуваат со примена измените и дополнувањата на Тарифникот за висината на надоместоците на Берзата. Со овие измени и дополнувања се врши промена во начинот на пресметка на надоместокот за котација на сите видови на хартии од вредност на Берзата, како и кај определени услуги и потврди што ги обезбедува Берзата“, се вели на објавата од Берзата.

Оттаму нагласуваат дека измените и дополнувањата на тарифните ставки се направени имајќи ги предвид состојбите на овој план на другите регионални берзи, односно спецификите на македонскиот пазар и моментално котираните издавачи на хартии од вредност.

Инаку, под надоместоци во овој Тарифник се подразбираат: надоместоци за котација на хартии од вредност, надоместоци за членство во Берзата, надоместоци за тргување со акции, надоместоци за тргување со обврзници, надоместоци за тргување со други долгорочни хартии од вредност, надоместоци за тргување со краткорочни хартии од вредност, надоместоци за блок трансакции, надоместоци за јавни берзански аукции, надоместоци за ревидирање на берзански трансакции, надоместоци на поништување на берзански трансакции, надоместоци за објавување на податоци на веб страницата на Берзата согласно закон и надоместоците за дистрибуција на берзански информации. 

Сега, според новиот тарифник, еднократниот надоместок за котација на акции ќе биде 61.000 денари.

Додека, пак, годишниот надоместок за котација на акции за друштва котирани на потсегментите Супер котација, Берзанска котација и друштвата чии акции на последниот ден на тргување од претходната година се елемент на Македонскиот берзански индекс МБИ10, ќе биде 0,05 отсто од вредноста на пазарната капитализација на последниот ден на тргување од претходната година, но не помалку од 75.000 денари и не повеќе од 220.000 денари.

Ова значи дека големите компании кои имаат пазарна капитализација која се мери во милиони евра, сигурно ќе мора да го плаќаат најголемиот надоместок од 220 илјади денари, или близу 3.600 евра, за разлика од досегашните 75 илјади денари или околу 1.200 евра.

За сите останати котирани друштва надоместокот ќе биде 0,03 отсто од вредноста на пазарната капитализација на последниот ден на тргување од претходната година, но не помалку од 75.000 денари и не повеќе од 150.000 денари.

Еднократен надоместок за котација на државните обврзници за денационализација нема да се наплаќа, а истото важи и за годишниот. Еднократен надоместок за котација  на сите останати државни обврзници, пак, освен државните обврзници за денационализација ќе се наплаќа по договор со издавачот, а годишниот за овие хартии д вредност, исто ќе биде по договор со издавачот.

Еднократен надоместок за котација на сите останати долгорочни хартии од вредност, како и годишниот надоместок ќе биде 61.000 денари.

Повеќе детали за новиот берзански тарифник можете да видите на следниов линк

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - надминавме 41 илјади денари, најголем раст има во образовнието и уметноста, еве ги деталите

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - надминавме 41 илјади денари, најголем раст има во образовнието и уметноста, еве ги деталите

ВТОР БАНКРОТ НА БАНКА ВО 2024 ГОДИНА - во опасност повеќе од шест милијарди долари имот на граѓаните

ВТОР БАНКРОТ НА БАНКА ВО 2024 ГОДИНА - во опасност повеќе од шест милијарди долари имот на граѓаните

ДОМАЌИНСТВАТА КАСКААТ СО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ, ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАЈРИЗИЧНИ: благ раст на нефункционалните заеми

ДОМАЌИНСТВАТА КАСКААТ СО ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ, ПОТРОШУВАЧКИТЕ НАЈРИЗИЧНИ: благ раст на нефункционалните заеми

РАСТ НА БИТКОИНОТ: Наскоро би можел да го надмине рекордот од март оваа година

РАСТ НА БИТКОИНОТ: Наскоро би можел да го надмине рекордот од март оваа година

ОД ПОЛИТИКАТА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ: Фатмир Бесими основа компанија која ќе ги учи директорите како да станат способни лидери

ОД ПОЛИТИКАТА ВО БИЗНИС СЕКТОРОТ: Фатмир Бесими основа компанија која ќе ги учи директорите како да станат способни лидери

СЛУЧАЈНО ФРЛИЛ ДИСК НА КОЈ ИМАЛО 8 ИЛЈАДИ БИТКОИНИ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Сега го тужи градот, не му даваат да ја ископа депонијата

СЛУЧАЈНО ФРЛИЛ ДИСК НА КОЈ ИМАЛО 8 ИЛЈАДИ БИТКОИНИ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Сега го тужи градот, не му даваат да ја ископа депонијата

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА КРЕДИТ ОД 18- ИЛЈАДИ ЕВРА: Балканец се обидел да купи стан во Германија

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА КРЕДИТ ОД 18- ИЛЈАДИ ЕВРА: Балканец се обидел да купи стан во Германија

ОВДЕ ЗА КИРИЈА СЕ ПЛАЌА ОД 1.000 ДО 3.800 ЕВРА: Ова се сите убави градови на Европа за кои ви треба длабок џеб

ОВДЕ ЗА КИРИЈА СЕ ПЛАЌА ОД 1.000 ДО 3.800 ЕВРА: Ова се сите убави градови на Европа за кои ви треба длабок џеб

АКО ПЛАНИРАТЕ СКИЈАЊЕ НА СРПСКИТЕ ПЛАНИНИ ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ: објавени цените на најпознатите српски скијалишта

АКО ПЛАНИРАТЕ СКИЈАЊЕ НА СРПСКИТЕ ПЛАНИНИ ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ: објавени цените на најпознатите српски скијалишта