14 Декември, 2025
0.0650

„ПОСЕТАТА НА ВЛАДАТА ВО ОАЕ ЌЕ ИМАШЕ СМИСЛА АКО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА НЕ БЕШЕ ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА НА ФИЛИПЧЕ“: Величковски си го кажа својот став

Објавено во: Македонија 23 Април, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Колку повеќе Владата доцни со исплата на своите обврски (поврат на ДДВ, труднички боледувања итн.), толку повеќе "ЕУ се распаѓа" во провладините медиуми, пишува Ивон Величковски за досегашното владеење на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Успехот на "унгарските кредити" очекувано спласна: пензиите само се порамнија со растот на животните трошоци, а општинските клупи, паркови и улички (нормално) не може да генерираат економски раст низ зголемена јавна или приватна потрошувачка.

Во такви околности ниту статистиката не може да го покрие економскиот неуспех на владата, па за недостатокот на инвестиции ќе бидат "виновни" ниските температури во јануари и високите температури во јули.

Исто како што партијата што го лансираше проектот "трето дете" (во петчлено семејство) за поправање на демографијата на Северна Македонија сега потрошувачката кошница ја проектира на трочлено семејство - со две деца помалку.

Посетата на владината делегација во ОАЕ ќе имаше смисла доколку "лидерската средба" не беше интервју за работа на Филипче на позицијата министер за опозиција.

Со оглед на тоа што понудата за арапски инвестиции е во зоната на "приоритетите" договорени меѓу Мицкоски и Филипче, всушност личи дека на повидок е операција за "реинвестирање" на парите испумпани од дваесетина домашни годишни буџети со печат од Дубаи, во истите области во кои секоја "инвестиција" всушност се пазари со нова буџетска "субвенција" или ја "храни" високоградбата.

И во тоа следува легализација на изнесените пари со нова буџетска обврска што повторно - ја финансираме ти и јас ама за нивни џебови.

Затоа - ЕУ е елементарната непогода за неформалната коалиција ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ со за нив погодните партии на Албанците - што повторно не' враќа на средбата на двете партии со олигархијата во скопска "Автокоманда".

Без ЕУ - ваквото отсуство на економија и индустрија ќе продолжи.

Со ЕУ - ова се менува како што ќе се движиме кон заедничкиот пазар и полноправно членство.

Затоа постојани се изговорите за "нови услови" кои не постојат - за да не се дополни Преамбулата, по што продолжуваме со преговорите.

И со тоа се враќаме во процесот со Албанија и заедно со Црна Гора можеме да бидеме во ЕУ пред 2030.

А нема нови услови оти Преговарачката рамка е патоказ за исполнување на стандарди.

Стандардите ги штитат несистемските Македонци, Албанци, Турци... мнозинството граѓани - од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите "македонски" и "немакедонски" системски (читај: олигархиски) партии и медиуми.


Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина