Портпаролката на Фон дер Лајен одби да даде прецизен одговор дали ЕУ го признава македонскиот јазик
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2022 16:52
Иако претседателката на Европската комисија(ЕК) Урсула дон дер Лајен вчера во Скопје изјави дека Европската Унија(ЕУ) го признава македонскиот јазик, сепак нејзината портпаролка Дана Спинант одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА да ги објасни зборовите дадени во македонскиот парламент дали тоа значи признавање на јазикот од страна на ЕУ одби директно да одговори.
„Крајно непрофесионален гаф на портпаролката на ЕК со кој предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ и кај сите граѓани на државава, напиша на Фејсбук, Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.
Вели дека Европската Комисија мора веднаш да се корегира после ваквите изнесени невистини и да преземе мерки против ваквото неодговорно однесување на портпаролка која неподготвена излегла да зборува спротивно од фактите и спротивно од нејзината претпоставена.
За разлика од вчера, денеска беше кажано дека тоа е јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија.
На седница во Собранието, денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ги повика сите да ја видат таа изјава каде се избегнува терминот македонски јазик.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




