26 Април, 2024
0.0314

ПОРАСНАЛ ДРЖАВНИОТ ДОЛГ: Koлкав е во однос на БДП?

Објавено во: Економија 02 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Според податоците кои ги објави Министерството за финансии, во вториот квартал годинава државниот долг изнесувал 50.7 отсто од БДП. 

Тој бележи раст во однос на првиот квартал, кога изнесувал 41.8 отсто од БДП. 

Ако се вратиме наназад, во 2019 година бил 40.2 отсто. 

Бројките покажуваат дека од година во година расте надворешниот државен долг. 

„Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%. Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на КОВИД-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата“, информираат од Министерството за финансии.  

Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени.

Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

„На промените на јавниот и на државниот долг влијае повлекување на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори за вториот квартал од 2020 година во износ од 928,7 милиони евра, од кои 909,4 милиони евра за кредити на општа влада - 700 милиони евра за издадената Еврообврзница и 176,5 милиони евра од кредит од ММФ за Проектот за финансиска поддршка од инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба, како и 19,3 милиони евра за заеми на јавните претпријатија. Исто така, има и повлекување по основ на држвни хартии од вредност во износ од 127,7 милиони евра.  Во овој период освен повлекувања, имаше и отплати кои влијаеа на висината на јавниот и на државниот долг, како отплатата на рата за обврзница за денационализација која доспеа на 01.06.2020 година во износ од 7,98 милиони евра и отплата на обврски по основ на главнина од претходно земени заеми надворешен долг за вториот квартал од 2020 година изнесува 60,4 милиони евра, од кои отплата на главнина на општа влада во износ од 38,01 милиони евра и отплата на долг на јавни претпријатија во износ од 22,39 милиони евра“, додаваат од финансии.

Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6% од БДП, додека државниот ќе се намали на 49,6% од БДП.

До крајот на годината, поголеми повлекувања кои се очекуваат се првата транша од Заемот за макрофинансиска помош од Европската комисија  во износ од 80 милиони евра, додека поголема отплата до крајот на годината е отплатата на Еврообврзницата земена во 2015 година во износ од 178,330,000 евра која доспева на 01 декемри 2020, понатаму главнина за заемот од Дојче банка во износ од 13,5 милиони евта која доспева на 10 декември и краткорочниот заем од домашни комерцијални банки во износ од 132,5 милиони евра кој доспева исто така во декември. 



Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра