Поранешниот функционер Бахчовановски ќе управува со ексклузивниот ноќен клуб „Мош“
Објавено во: Економија 06 Септември, 2023 07:50
Владимир Бахчовановски ќе управува со ексклузивниот ноќен клуб „Мош“ на улица Дебарца во центарот на Скопје, преку новорегистрирана подружница. Порано тој беше директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, на ЈП Македонски шуми, како и на Државната видеолотарија,
Ова е наведено во новоотворената подружница на фирмата Урбан Гарден со Бахчовановски регистриран како нов управител. Станува збор за фирма со нов назив која претходно го носела името „Макс Бет Кафе“.
Од „Мош“ неофицијално ни одговорија дека станува збор за привремено решение и дека во овој момент на угостителскиот објект му претстои големо менување на изгледот до декември, за кога се очекува повторно да продолжи да работи.
Бахчовановски покрај тоа што беше висок функционер на претходната власт, досега беше познат и како директор на обложувалниците „МаксБет“ со свој удел.

Ноќниот клуб „Мош“ од неодамна има нови сопственици. Во купопродажна трансакција бизнисменот и основач на „Неуромедика“ – Емил Угриновски заедно со бизнис партнер од Скопје стекнале 95% од сопственоста на локалот. Останатите 5 отсто остануваат во сопственост на претходните менаџери на „Мош“.
Неофицијално, купопродажбата е направена пред три седмици, реновирањето на локалот ќе започне наскоро и пред почетокот на зимата тој ќе треба да понуди нови содржини и нов концепт за работа. Според информациите новиот концепт на „Мош“ ќе биде направен по теркот на популарните белградски локали. Освен секојдневна вечерна програма „Мош“ ќе функционира и со денски „лаунч“ концепт.
Изминатиот период клубот беше на удар од јавноста и општински служби. Поради гласната музика, а по реакциите на граѓаните, инспекциите служби на Општина Центар во неколку наврати изрекуваа парични санкции.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




