16 Октомври, 2021
0.0268

Поранешни разузнавачи: Ѓурчевски бара оставка од Спасовски, Трајанов најавува уште многу работа за „Двојник“

Објавено во: Македонија 08 Април, 2021

Кога има фалсификување, не смее да се толерира повторување на ова кривично дело и  полицијата не требало да чека две години да се направат 219 пасоши со лажен идентитет за светски криминалци, смета Љубомир Ѓурчевски, поранешен висок функционер на МВР, коментирајќи ја акцијата „Двојник“.

Судија на претходна постапка по акцијата „Двојник“ синоќа им одреди притвор на седуммина осомничени за издавање на лажни пасоши во акцијата “Двојник”. На распит беа одведени деветмина приведени во оваа акција, во која осомничени се 11 лица. Десет од осомничените се вработени во МВР во службите за издавање на пасоши, додека едно лице, како поттикнувач, посредувало при незаконското издавање  на документи. Со две кривични пријави против нив опфатени се вкпуно 219 незаконски издадени пасоши.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се чини дека не изнесе доволно аргументи во јавноста за тоа каква е структурата на оние кои купувале оригинални пасоши со лажен идентитет, ниту пак за профилите на членовите на подземјето, додека во опозициската ВМРО-ДПМЕН засега обелоденија само четири имиња на познати нарко-босови и егзекутори.

- Таму има Американци, Колумбијци, Англичани и криминалци од регионот. Некои се судени во Белгија, некои во Швајцарија, а има и некои кои се поврзани со трговија со човечки органи. Ова е сукцесивно продирање на интернационалната мафија која ја превзема нашата држава. Според мои информации, во изминатиот период можеа само домашни резиденти да купат оригинални пасоши со лажен идентитет и тие беа 15-тина на број, како што тоа го направија Горан Грујевски и Никола Бошковски, но немало шанси интернационалци во толкав број да добијат вакви патни исправи. Оливер Спасовски и Зоран Заев нека не се кријат зад акции со меѓународна помош, туку нека си понесат одговорност, смета Ѓурчевски.

Поранешниот началник на МВР смета дека четиригодишната толеранција на ваквото работење на државните службеници, односно на овластени лица, е срам за кредибилитетот на државата.

- Тоа е воедно на штета на милион други истраги во други држави. Со образецот на кој е направен секој пасош може да се помине на кој било скенер во странство. Затоа за ова се поднесува оставка. Тоа е како да му одобриш азил на криминалец без постапка. Кај овие референти што се уапсени, се врши задолжителен надзор хиерархиски од началниците, што значи дека работено е со аманет од надворешни моќници. Ова е поткрепено и со тоа што за да извадиш пасош, потребен ти е матичен извод, односно лична карта. Како дошле до овие документи?, вели Ѓурчевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера ги посочи само контролорите како директно одговорни и додаде дека единствено само за нив имало докази во истрагата. Додека за оние кои купувале пасоши единствено рече дека станува збор за лица од криминални структури.

Поранешниот разузнавач Павле Трајанов вели дека затаила контролата и вели дека уште долго ќе се работи на истрагата за да се откријат сите прикриени криминалци под лажен идентитет, како и тоа кој се е вовлечен во оваа афера. Тој додава дека вклученоста на канцеларијата на амбасадата на САД и Интерпол во овој случај е само технички со стручна помош и методи на препознавање.


- За тоа кои се криминалците и за каков профил се работи треба да каже МВР, но очекувам да се вклучи и Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност. Ова се лица кои ја загрозуваат широката безбедност на други држави и меѓу нив има опасни лица, коментира Трајанов.

Од она што официјално е кажано до сега, службеници и контролори од управните служби на МВР издавале патни исправи, злоупотребувајќи идентитети на граѓани од дијаспората што немале македонска патна исправа. На тој начин, вкупно 215 лица, од кои 214 се странски државјани, се стекнале со фалсификувани пасоши, преку посредник надвор од МВР.  Спасовски рече дека за еден пасош можно е да се плаќало и по 20 000 евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Исечен цел ред дрва кај Ист Гејт Мол

Исечен цел ред дрва кај Ист Гејт Мол

Ќе се истражува дали претходно четворицата Руси се затруле во Охрид пред да починат во Албанија

Ќе се истражува дали претходно четворицата Руси се затруле во Охрид пред да починат во Албанија

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

Еден од уапсените во Делчево за давање поткуп бил кандидат за градоначалник

Еден од уапсените во Делчево за давање поткуп бил кандидат за градоначалник

Повикан во полиција откако земал 3.000 денари за глас

Повикан во полиција откако земал 3.000 денари за глас

Пенкалото треба да се дезинфицира по секое гласање

Пенкалото треба да се дезинфицира по секое гласање

СИМУЛАЦИЈА: Како се зголемуваше бројот на смртни случаи во Македонија

СИМУЛАЦИЈА: Како се зголемуваше бројот на смртни случаи во Македонија

Скопјанец ја убил мајка си со остар предмет

Скопјанец ја убил мајка си со остар предмет

Во Струмица ниту еден заболен од Ковид-19 не сакал да гласа

Во Струмица ниту еден заболен од Ковид-19 не сакал да гласа