ПОРАНЕШНАТА ДИРЕКТОРКА НА „ЕВРОПА“, САВА ДИМИТРОВА, КУПИ 100 АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА - вредат 19 илјади евра
Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2022
Поранешната долгодишна директорка на домашната фабрика за чоколади и вафли „Европа“, Сава Димитрова, инаку претседател и независен член на Одборот на директори на Комерцијална банка, купила 100 обични акции на банката.
За ова извести Комерцијална банка преку ценовно чувствителна информација до Берзата.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-ѓа Сава Димитрова, Претседател и независен член на Надзорниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во икзвестувањето од Комерцијална банка.
Вчера една акција на Комерцијална банка се продаваше по цена од 11.707 денари, што значи дена акциите на Димитрова во моментов вредат 19 илјади евра.Н.Н.Ф.