ПОРАДИ ТЕНЗИИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Јордан ја стави војската во состојба на готовност
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2024 21:01
Поради состојбата во регионот, армијата на Јордан објави дека сите единици и формации во нејзините вооружени сили се ставени во состојба на висока готовност за да се спротивстават на сите обиди кои ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на кралството.
Јорданската управа за јавна безбедност тврди дека противвоздушната одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала за време на денешниот ирански напад врз Израел.
„Кралското јорданско воздухопловство и системите за противвоздушна одбрана одговорија на бројни проектили и беспилотни летала кои влегоа во јорданскиот воздушен простор“, велат тие.
Во 1994 година, Јордан стана втората арапска земја која воспостави дипломатски врски со Израел. Двете земји имаат силна безбедносна и разузнавачка соработка. Сепак, односите меѓу Аман и Ерусалим, често затегнати во последниве години, станаа значително понапнати од почетокот на израелската војна со палестинската терористичка група Хамас.
Изралските безбедносни сили (ИДФ) објавија дека граѓаните на Израел може да ги напуштат засолништата откако Иран изврши ракетен напад врз земјата. Првичните проценки на Израел се дека Иран истрелал 180 проектили. Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната војска учествувала во соборувањето на ракетите кои Иран ги истрела кон Израел. Засега нема информации за повредени или загинати во нападите.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




