19 Декември, 2025
0.0498

Поради предавство е егзекутиран преговарач од украинската мировна делегација

Објавено во: Свет 05 Март, 2022 14:37

Добивај вести на Viber

Украински и руски медиуми објавуваат дека Денис Киреев, член на првата преговарачка делегација на Украина во Гомел, ноќеска е убиен во Киев, наводно заради предавство.

Информацијата на својот Телеграм канал прв ја објавува поранешниот член на Слуга на народот, и се уште актуелен пратеник во украинскиот парламент, Александер Дубински.

По верзијата на Дубински, Киреев го запреле припадници на украинската безбедносна служба СБУ, по што е ликвидиран поради предавство.


Другата верзија е од Страна.уа, за која украинските безбедносни служби ја потврдува веста за смртта на Киреев и објавува слика од неговиот леш, меѓутоа не добива потврда дали тој е убиен заради предавство или кој е причината, ниту дека егзекуцијата е извршена од СБУ.

Инаку Киреев учествуваше на првиот состанок меѓу двете делегации, но не се појави на вториот.

Дубински, кој беше избркан од партијата на Зеленски, објаснува дека целата кариера на Киреев е врзана со финансии, и го прашува Зеленски по која основа тој завршил во делегацијата на Украина за преговори со Русија. Киреев и претходно беше сомничен за соработка со Русија.

Иако Киреев учествуваше на преговорите, од кабинетот на претседателот во извештаите не го споменуваат него како дел од делегацијата.

Можеби ќе ве интересира

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација