Добивај вести на Viber
Јужнокорејската компанија Samsung соопшти денес дека ја суспендирала продажбата на моделот паметен телефон „Galaxy Note 7“ бидејќи батериите во неколку од тие телефони експлодирале во текот на полнењето.
Претседателот на одделението на Самнсунг за телефони Кон Донг Џин рекол дека луѓето кои веќе ги купиле тие телефони, ќе може да ги заменат за други нови модели без оглед на датумот на купување.
Моделот „Galaxy Note 7“ почна да се продава пред две недели, но некои купувачи пријавиле дека телефонот се запалил во текот на полнењето. Самсунг потврди 35 такви случаи.
А од компанијата соопштуваат дека се продадени повеќе од милион од тие модели