Поради громови испукаа стаклата на автомобили во Белград
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2023 16:03
Во српската престолнина Белград синоќа при невреме од силните громови испукале стаклата на автомобилите.
На Баново Брдо дождот ги поплави улиците, а најкритично беше во Пожешка и на падината Чукарица, каде што имаше вистинска поплава.
„Гром удри во куќа на булеварот Крал Александар 566. Од ударот испукаа стакла на автомобилите. За среќа, немало пожар“, стои на страницата на 192.
РХМЗ објави ново предупредување за временските услови.
„Продолжува периодот на нестабилно време со чести врнежи од дожд и грмежи. Врнежите во одредени локалитети може да бидат многу интензивни за кратко време во близина на градот (каде што вкупната 10-дневна просечна количина врнежи се проценува на 40 до 70 мм, во ридско-планински предели до 100 мм)“, информираат тие.
Велат дека обилните дождови се многу нерамномерни по интензитет.
Невреме вчера имаше и во Македонија. Во Делчево има полавени објекти и оштетени патишта.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




