ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: ММФ објави дека светската економија ќе забави
Објавено во: Економија 22 Април, 2025 19:06
Светската економија значително ќе забави, а американската драстично.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економски раст за 2025 година, велејќи дека зголемувањето на царините и општата несигурност што тоа ја создаде ќе доведат до „значително забавување“.
Најголемо намалување меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави(САД) и сега се очекува раст од 1,8 отсто, во споредба со претходната проценка од 2,7 отсто.
Намалена е и прогнозата за раст за Обединетото Кралство – од претходните 1,6 отсто на 1,1 отсто во 2025 година.
Економистите во ЏП Морган велат дека шансите за рецесија во САД сега се 60 отсто. Федералните резерви, исто така, прогнозираат дека растот ќе ослаби оваа година, на 1,7 отсто, пренесува АП.
Месецов администрацијата на Трамп објави огромни тарифи за скоро 60 земји заедно со речиси универзални давачки од 10 отсто.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „добро е да се види дека светот знае дека сме сериозни“ за справување со трговскиот дисбаланс со другите земји, нагласувајќи дека светските лидери и бизнис директори бараат ослободување од царините откако тие беа објавени претходно овој месец.
Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека неговата објава од 2 април за „Денот на ослободувањето“ – со која воведе реципрочни царини за земјите што тој ги обвинува за нефер трговски практики – стигна до странските влади и лидери на корпорации.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




