Популарноста на Доналд Трамп продолжува да опаѓа
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Американското јавно мислење се чини дека го казнува претседателот на САД, Доналд Трамп за серијата спорни декрети, издадени во текот на првите 15 дена по неговата инаугурација.
Популарноста на претседателот Трамп е пониска од онаа на сите претходни претседатели во овој период од нивното управување, покажуваат анкетите кои се објавени вчера.
Истражување на телевизијата CBS покажува дека има поддршка од само 40%. Анкетите на CNN и институтот Gallup се малку подобри, и му даваат поддршка од 44 и 43%.
Трамп има добар рејтинг од анкетата на конзервативниот институт Rasmussen, според кој 54% од Американците го поддржуваат претседателот.
Според CNN над 50% од Американците се противат на политиката на Трамп во клучните области како што се тероризмот, имиграцијата и надворешната политика. Шест од 10 се против неговиот план за изградба на ѕид долж границата со Мексико, за да запре миграцијата, а 53% не го одобруваат указот со кој се забранува влез на граѓани од муслимански земји.