15 Мај, 2024
0.0270

Понеделник е последниот ден за пријавување на бесплатната обука за пилоти

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Понеделник 20 ноември е последниот ден кога младите луѓе желни за професионален ангажман во една од топ 5 највозбудливите професии на планетата можат да се пријават на бесплатниот конкурс за пилоти.

Обуката која се спроведува во Центарот за обука на пилоти чини од 40.000 до 80.000 илјади евра во различни земји од Европа, а во Македонија не чини ниту денар.  За да станете пилот мора да имате околу 180 часови летање и минимум 350 часови теоретска настава. Условите за сите заинтересирани момци и девојки се исти; мора да имаат завршено високо образование, да ги поминат тестовите за здравствена и физичка способност и да го положат тестот по англиски со минимум оценка 3, и секако да се пријавите пред да наполните 28 години.

Инфо за наставата на следниот линк: https://elbitsystems-mk.com/

А доколку немате целосна слика за возбудливоста на оваа професија, видеото во прилог секако ќе ве заинтересира. 

„Заинтересираноста за оваа професија расте од година во година. Но, пилоти стануваат само оние што ги исполнуваат сите критериуми, односно поединци што поседуваат интелектуални способности, имаат физички предиспозиции, моторика. Вљубениците во авионите знаат какво е тоа чувство на возбуда и адреналин што ве обзема“ – смета Борче Манев, инструктор по летање во Центарот за обука на пилоти.

Пилотската професија е комплексна работа, освен стручната обука пилотите мора да знаат и метеорологија, медицина, математика, физика и навигација, особено ако летаат во авио-сообраќајот. Обуката трае 18 месеци и опфаќа 350 часа теоретска настава и 180 часа летање.

Она по што Центарот за обука на пилоти е специфичен е дека на едно место се спроведува теоретска настава и летање, нуди искусни предавачи и инструктори, флота од 5 авиони и 4 хелихоптери која е функционална во текот на целата година. Од својата контролна кула овој центар покрива 11 делегирани зони за летање низ цела Македонија одобрени од „Агенција за цивилно воздухопловство“ што дава погодност за организирање на летовите согласно потребите на Центарот кој има два пати повеќе полетувања и слетувања дневно од Скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Според проценките на американскиот „Боинг“ на авио-компаниите во светот во следните 20 години ќе им бидат потребни над 533.000 пилоти, што е доволен поттик за многу млади луѓе да посегнат по овој предизвик. Интересна и атрактивна професија, со многу возбуда и адреаналин, со можност за голема заработувачка и секако привилегија да се пропатува целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје