Добивај вести на Viber
Нови 4,5 милијарди евра ќе и бидат потребни на Грција смета германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Според него, поради кризата и големата финансиска дупка за 2014 година, ќе ја принудат земјата да бара уште пари.
„Се појави проблем во примената на програмата за помош, наменета за Грција“, вели Шојбле. За време на седницата на Комисијата за буџет, министерот како проблем го посочи забавувањето на имплементацијата на програмата за приватизација на Атина. Уште во јули Шојбле предизвика силни реакции со изјавата дека Грција ќе има потреба од трет спасувачки пакет иако веќе доби над 2оо милијарди евра.
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пак, на Грција ќе и бидат потребни уште 6,5 милијарди евра во 2015 година. Земјата се соочува со социјални немири и невидена досега стапка на невработеност.