04 Декември, 2023
0.0313

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

Објавено во: Финансии 29 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Растот на пензиите, но и зголемувањето на платите на дел од вработените под државна капа, како и обезбедување средства за регрес ќе се обезбедува преку прераспределба на средствата од буџетот. Планираната прераспределба веќе е доставена во Собранието, и иако вчера требаше да ја разгледува Комисијата за финансирање и буџет, сепак, тоа не се случи.

Од она што може да се види во „Предлог на одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите“ се планира кратење на пари во скоро сите институции. Така први на листата се средствата кои првично биле распределени во буџетската ставка за трошоци за Претседателот на земјата, каде од ставката Резерви за капитални расходи се намалува за 124.960 денари, од ставката Комунални услуги, греење, комуникација и транспорт се намалуваат 2.000.000 денари, додека пак од ставката Градежни објекти се намалува за 125.040 денари.

Кратењата кај средствата предвидени за Претседателот поминале „добро“ ако се земе предвид дека во други институции има многу поголеми кратења. Така на пример, намалени се и парите кои требало да ги троши Собранието, каде се кратени од ставките комунални услуги, греење... 10 милиони денари, на удар е и ставката контакти со граѓаните каде се намалуваат два милиони денари, а покрај другите ставки се намалува и кај градежните објекти 2,5 милиони денари.

Пари планирани за разни комунални услуги, греење... во висина од еден милион денари се намалуваат и кај Државна изборна комисија, а таму има и други кратења, меѓу кои и намалување на парите планирани за плати во висина од 1,2 милини денари и во други сегменти. Во Државната комисија за спречување корупција најголемата ставка која се крати е Вложувања и нефинансиски средства во висина од 6.033.000 денари.

Планирано е намалување и на парите предвидени за Владата, каде се крати на платите за 445 илјади денари, кај ставката резерви за капитални расходи има кратење од 2.254 илјади денари, Договорните услуги се кратат за 30 милиони денари, кај привремените вработувања пет милиони денари, а кратење има и кај ставката основни плати за 2,5 милиони денари.

Листата на ставки од кои се крати е доста обемна, и истата може да ја видите на веб страната на Собранието.

-  Целта на предложената Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година е обезбедување на средства за зголемување на платите за 10 отсто од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор, обезбедување на дополнителни средства за пораст на пензиите од месец септември 2023 година, обезбедување на средства за спроведување на мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството, обезбедување на дополнителни средства за субвенции во областа на земјоделството и образованието, поддршка на домашни и странски компани преку обезбедување на дополнителни средства за државна помош, обезбедување на дополнителни средства за исплата на правата од социјалното осигурување, набавка на амбулантни возила и лекови во областа на здравството, справување со африканската чума, исплата по судски извршни решенија и слично – се наведува во предлог одлуката.

Прераспределбата на средствата веќе беше најавена од владините претставници, кои ветуваа дека со овој потег меѓу другото ќе се обезбедат и 100 милиони денари за набавка на лекот „Трикафта“ за 55 пациенти, како и 20 милиони денари за дигитални сензори за следење на шеќерна болест.

Министерот Фатмир Бесими појасни дека прилагодувањата во Буџетот се направени преку реалокација на средствата од ставки каде што има послаба динамика на реализација и каде што процесите дозволуваат да се направи намалување, при што тие се насочени кон позициите каде што има потреба од зголемени средства согласно со утврдените приоритети и преземените законски обврски. Ннаведе дека со Одлуката се врши реалокација на 18,2 милијарди денари обезбедени по основ на заштеди од помалку реализираните расходи кај одредени буџетски корисници, како и дополнително обезбедени средства преку механизмот КАПЕФ. Средства се обезбедени и преку повеќе приходи од придонеси. Со одлуката се алоцирани и 4,55 милијарди денари во Програмата П1, средства наменети за антиркизни мерки за справување со кризата.

П.О. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

ЕВЕ КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ ИМАТЕ ЕВТИНА ТАРИФА: Чекајте да се појави оваа ознака на броилото

ГЕРМАНЕЦ ГАЗДА НЕ ТИ ДАВА НИ ПОТТА ДА СИ ЈА ИЗБРИШЕШ: Исповед на гастарбајтер од Германија, вели „рмбал“ шест месеци и тие му биле најтешки

ГЕРМАНЕЦ ГАЗДА НЕ ТИ ДАВА НИ ПОТТА ДА СИ ЈА ИЗБРИШЕШ: Исповед на гастарбајтер од Германија, вели „рмбал“ шест месеци и тие му биле најтешки

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДОБИ НОВ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ - и натаму ќе биде член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

„CREDIT SUISSE“ ИМА ЛИСТА НА ЗЕМЈИ СО НАЈМНОГУ МИЛИОНЕРИ: Македонија ја нема, а еве кои балкански земји имаат богашати

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

НЕКОЈ ПОВТОРНО КУПУВА АКЦИИ ОД СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - кај кого заврши малиот пакет од половина процент за 67 илјади евра

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

САМИТОТ НА „ОБСЕ“ ГО НАЛУТИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР: Кој ќе ни надомести за неработниот ден?

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

НА 16 ГОДИНИ СТАНА САМ СВОЈ ГАЗДА: Овој тинејџер е овчар, има 150 овци и не планира да смени професија

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми

СЕРИОЗНА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА: Берлин тешко дека може да најде излез- Шолц предизвика големи проблеми