29 Март, 2024
0.0265

ПОМАЛКУ ПАРИ КАЈ БАНКИТЕ – Ќе ги промени ли граѓанската обврзница навиките, каматата и понатаму енигма

Објавено во: Финансии 29 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Ќе води ли граѓанската обврзници кон нови вложувања и кога најпосле ќе се обелодени каматата по која ќе се издава? Новиот тип на обврзница која треба да биде достапна за граѓаните веќе во јуни, предизвикува голем интерес, како во финансиските кругови, така и кај пошироката јавност. Сепак, висината на камата се уште не се открива, но како што најави министерот за финансии Фатмир Бесими ќе биде над каматите на депозитите.

Тој во последната колумна се осврна токму на граѓанската обврзница, посочувајќи дека пристапот до финансии се сведува на банките, додека пазарот на капитал е се уште недоволно развиен.

-  Средствата на банките претставуваат над 80 отсто  од вкупната актива во финансискиот сектор, а активностите на другите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни. На Берзата се забележува изразена концентрација на прометот на неколку акции, кус период за време на светската и регионална економска експанзија (2005 - 2007 година) имавме берзански бум, но глобалата финансиска криза го зема својот данок и по неа се забележа драстично намалување – напиша министерот во последната колумна.

Тој посочува дека на домашниот пазар доминираат државните обврзници, а побарувачката ја прават институционалните инвеститори, додека физичките лица многу малку вложуваат во државните хартии од вредност. Секундарниот пазар, исто така е неразвиен, што се должи на доминацијата на финансиските институции. Пазарот на корпоративни обврзници е мал, а општински обврзници досега не се издадени.

Според Бесими за развој на финансискиот пазар во нашата земја, како и креирање можности и за инвеститорите и за компаниите за пристап до капитал за финансирање на проекти е усвоена Стратегијата за развој на финансискиот пазар. Според министерот интерес за инвестиции ќе има бидејќи има интерес за вложувањето во криптосредства.

Интересот за инвестиции кај домашните инвеститори е евидентен. Најочигледен пример е брзорастечкиот тренд на инвестирање во криптовалутите, кои се високоризични. Оттаму, неминовно е воведување нови финансиски инструменти на домашниот пазар, кои се регулирани, не носат ризик (што е особено важно кога станува збор за средствата на граѓаните), за да го апсорбираат овој инвестициски капацитет – укажува Бесими.

Тој меѓу другото дополни дека побарувачката ќе се подигнува преку повисоки приноси како резултат на мерки за намалување на трансакциските, информациските и даночните трошоци, како и промени во регулаторните ограничувања на достапноста на значајни информации.

Професорот Марјан Петрески за „Фактор“ веќе посочи оти и досега граѓаните можеле да купуваат државни обврзници, но преку банките. Затоа сега очекува преку поголемата популаризација да се поттикне купувањето на овие обврзници, но и нивната понатамошна купопродажба.

-  Граѓаните ќе имаат повеќе опции за да ги инвестираат своите вишок средства – појасни Петрески.

Точно каков ефект ќе има издавањето на граѓанскта обврзница ќе видиме следниот месец.

Дека пазарот има потреба од нови типови на финансиски инструменти, и дека инвеститорите се „гладни“ за вложување во сигурни пласмани, покажа и минатогодишните нови типови на инвестициски облици кои се појавија на нашиот пазар.

За потсетување, минатата година беше издадена првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност. Имено СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола ја распиша првата емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. Оваа емисија беше реализирана во текот на 2022 година. Друштвото продаде 7.583 обврзници, со што ја реализираше понудата со процент на реализација од 94,79 отсто. Јавната понуда на обврзници од друштвото СН Осигурителен брокер АД Битола претставува прва успешно реализирана јавна понуда на корпоративни обврзници во Македонија издадени од небанкарска финансиска институција.

Во текот на 2022 година исто така беше издадена и емисија на перпетуални обврзници со номинална вредност од 1.000 евра. Имено, Универзална Инвестициона Банка издаде 2.500 перпетуални обврзници, чија продажната цена беше еднаква на номиналната.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка