05 Декември, 2025
0.0337

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ПРОМЕТ: Што од работата на Комерцијална банка го зголеми интересот за акциите

Објавено во: Економија 16 Јули, 2021 07:30

Добивај вести на Viber

Безмалку половина милион евра е вкупниот промет со акциите на Комерцијална банка, вчера на берзата. Има вложувачи, а расте и цената. Комерцијална банка имаше фантастичен старт годинава, а последните случувања на пазарот на капитал само може да значат дека податоците за второто тромесечје се уште подобри.

Вчерашниот ден на берзата беше уште една потврда за тоа дека Комерцијална банка одработела добро и во вториот квартал годинава. Истргувани се 3.250 акции за вкупно 27,8 милиони денари што е 452 илјади евра или по 9.190 денари по акција во просек. Интересот се зголемува во месецот по истекот на второто тромесечје, но и по извесно размрдување на позиционираноста на акционерите во банката. Завчера беше направена нова блок трансакција во која беа истргувани 3.123 акции по цена пониска од пазарната вчера односно цената на акцијата во блокот беше 8.765 денари. Вкупно за сите акции купувачот плати над 445 илјади евра.

При крајот на минатиот месец, Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец плати 6,95 милиони евра со кои купи 48.837 акции со право на глас во „Комерцијална банка“. Акциите градежната компанија на Ванчо Чифлиганец ги плати по пазарна цена која изнесува 8.750 денари за акција. Со ова купување „Адора Инжинеринг“ сега поседува 15 отсто од сите акции со право на глас во најголемата македонска деловна банка. Досега „Адора Инжинеринг“ плати повеќе од 15 милиони евра за акции во „Комерцијална банка“.

Неколку дена подоцна ЗСФ ком на градежникот Фатмир  Етеми, кој е претседател на Надзорниот одбор во нова блок трансакција вредна 5 милиони евра купи 1,6 отсто од акциите на банката.

Етеми самиот, исто така купи 4.312 обични акции издадени од банката, а за нив тој  плати 37.730.000 денари или околу 613 илјади евра.

„Комерцијална банка“ успеа да ја зголеми добивката за првите три месеци за 64 отсто во споредба со истиот период лани.Добивката на банката за три месеци изнесува 5,86 милиони евра.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје