ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2025 16:49
Човекот кој го влечеше кучето со автомобил во Крива Паланка, за здружението „Happy Paws“ објаснува дека немал намера да го повреди ниту мачи, туку кучето скокнало од прозорец. Тој објасни дека го транспортирале кучето во викендица, а било вдомено пред еден месец.
„Кучето беше ставено во бажаникот на колата. Го скокна седиштето и се скина ланчето на него. И скокна од прозорот, бев на кривината, не смеев да застанам. И затоа ја намалив брзината, за да ме видат и заобиколат сите, излегов на пошироко за прегледност, го земав кучето го подигнав и застанав на страна“, вели тој.
Тој се извини јавно и посочи дека не сакал тоа да се случи.
Инаку, против 23-годишникот од Крива Паланка се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. „Полициската управа Крива Паланка е известена дека на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како во Крива Паланка, куче е врзано за патничко возило во движење и кучето е принудено да се движи. Полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и е утврдено дека сопственик на автомобилот и на кучето е А.А. (23) од Крива Паланка“, велат од Министерството за внатрешни работи(МВР). „Анима Мунди“ вели дека волонтери од оваа организација веднаш излегле на терен за да ја проверат состојбата на животното, при што пронашле бројни повреди на неговото тело и побарале животното да му се одземе на сопственикот поради тортура.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




