15 Мај, 2024
0.0300

Полицајците бараат да не бидат снимани и фотографирани

Објавено во: Македонија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот полициски синдикат побара од медиумите во иднина кога се објавуваат видео материјали и фотографии од полициски службеници како превземаат службени дејствија истите да бидат со формат и содржина со кој ќе биде заштитен нивниот идентитет заради нивна лична безбедност и безбедноста на нивните семејства.

„Повод за ова обраќање се зачестените неосновани напади по социјалните мрежи и интернет портали каде се објавуваат видео снимки на кој се гледаат вработените во МВР како презвемаат службени дејствија на терен, со што сметаме дека на овој начин се врши психички притисок над вработените во Министерството, поради што може да настанат пропусти во работењето, а со тоа индиректно да биде загорзена безбедноста на државата и граѓаните од една страна, но и личната безбедност на вработените во МВР и безбедноста нивните семејства“, велат од синдикатот.

Побарано е и од самите граѓаните да се воздржат од снимање односно фотографирање на полициски службеници и постирање на таквите матријали на социјалните мрежи, бидејќи, како што велат од таму, тоа е неовластено и несвесно се доведува под прашање безбедноста на вработените во МВР и безбедноста на нивните семејства. Додаваат дека во иднина ќе бидат приморани да ја испитаат одговорноста на лицето кое го снимило видеото или фотографирало, односно ги објавило тие материјали на социјалните мрежи.

„Истовремено аплелираме доколку било кој граѓанин на Република Македонија има било какво сознание за злоупотреба од вработени во МВР да го пријави до надлежните институции. Во спротивно како синдикат цврсто ќе застанеме во заштита на нашите колеги и во иднина за секој поединечен случај на неовластено снимање и фотографирање ќе бидеме приморани да поведеме постапка со цел утврдување на одговорност кој сликал и зошто ги објавил односно споделил тие фотографии или видео матријали имајќи предвид дека станува збор за кривично дело неовластњно снимање, кое е инкриминирано во член 152 од Кривичниот законик на Македонија и кривично дело злоупотребa на лични податоци кое е инкриминирано во член 149 од Кривичниот законик на Република Македонија“, предупредуваат од полицискиот синдикат.

Можеби ќе ве интересира

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат