ПОЛИЦАЕЦОТ ДОБИЛ НАСОКИ ДА ВПИШЕ ТРЕТО НЕДОЛЖНО ЛИЦЕ ВО КАЗНЕНИОТ НАЛОГ - Тошковски најави кривична пријава за началник
Објавено во: Македонија 29 Април, 2025 06:01
Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера потврди дека осум дена по сторениот сообраќаен прекршок, Д.С. брат на градоначалникот на Гази Баба, Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ, бил во полициската станица Пролет за да се пријави за казнен налог за пребрзо возење на булеварот Александар Македонски во Автокоманда.
Тој потенцира дека на ова лице ќе му биде изречена глоба од 300 евра и забрана за управување со возило затоа што наместо со дозволените 50 километри на час, возел со 88 километри.
А, како што е познато, овој случај го објави опозициската СДСМ, која на партиска прес конференција прикажа и видео од настанот.
Имено, оваа казна не била напишана затоа што братот на градоначалникот повикал началник кој на сообраќајниот полицаец преку телефон и според тврдењето на СДСМ, надвор од државата, му наредил да не му пишува казна на Стефковски. Но, откако било утврдено дека налогот веќе е направен, полицаецот добил „насоки“ да впише трето лице во казнениот налог, а иницијалите на казнетиот беа објавени на прес конференцијата.
За ова дело, Тошковски најави кривични пријави и санкции.
-Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и спротивно на стандардни оперативни процедури бидејќи дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на МВР со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави Тошковски во интервју за Сител.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




