ПОКРАЈ УНГАРСКИОТ 4IG, УШТЕ ЕДЕН МОБИЛЕН ОПЕРАТОР, ОД РОМАНИЈА, СЕ ИНТЕРЕСИРАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Николовски објасни зошто е потребен трет играч на пазарот

Објавено во: Економија 28 Април, 2025 21:13
Двата постојани мобилни оператори и понатаму дејствуваат како дуопол, не нудат поквалитетни услуги кон корисниците и време е да се направи конкуренција на пазарот. АЕК веќе ја започна процедурата за тендер за лиценца за трет оператор, потенцираше вицепремиерот Николоски во вечерашната емисија “360 степени”
“За жал во овие 8-9 месеци откако ние сме Влада, направија се да докажат на цела јавност дека има потреба од трет оператор. Го држат дуополот помеѓу себе, нема никаков натпревар помеѓу себе, не понудија никакви подобри услуги. Патувајте низ државата, половина држава мрежа нема или ви се губи мрежата. Да не зборувам за потценувачкиот однос кој што го имаат кон петте национални приватни телевизии и кон регионалните телевизии, каде што од граѓаните наплаќаат за кабелска телевизија, а на овие телевизии, иако имаат законска обврска, не им исплаќаат ништо. Така што направија се, за да веќе никој нема дилема дали треба или не треба да има трет оператор и АЕК веќе започна процедура за тендер за лиценца за трет оператор. Тоа е добро од повеќе причини. Прво ќе добие пари државата, некаде лиценцата е помеѓу 8 и 12 милиони евра. Второ ќе добие директна инвестиција државата, ќе се отвараат работни места и трето според мене најважно, ќе добие конкуренција затоа што во моментов конкуренција нема, двата оператори дејствуваат како еден”- истакна вицепремиерот Николоски.
Тој истакна дека покрај “4IG”, веќе имало заинтересираност од уште еден мобилен оператор од Романија.
Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

ММФ СО ПРОЕКЦИЈА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ВО 2026 ГОДИНА: Најниска во Швајцарија, највисока во Турција, е еве каде е Македонија

Самит Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

САД И КИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР: Ова е одлука за царините

Финансиско друштво со три милиони евра направи добивка од 1,2 милиони евра

Мицкоски од Самитот Македонија2025: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
