27 Јули, 2024
0.0298

Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

- Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот.Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина“ – Ова беше темата на интерактивната работилница наменета за студенти од битолскиот универзитет која во рамките на својата стратегија за општествена одговорност СН Осигурителен Брокер АД Битола ја организираше во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Активноста е дел од проектот на СН Осигурителен брокер за подигнување на финансиската писменост кај младите, а стручни сознанија од областа на студентите им пренесуваат:

-Јасмина Димитровска Босилкова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по бизнис администрација, осигурителен експерт во секторот штети и прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Анета Шијакова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по меѓународна политика, раководител на секторот маркетинг во СН Осигурителен Брокер.

-Даниел Паришко – магистер по маркетинг и менаџмент, искусен осугурителен професионалец и раководител на секторот за прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Александра Танатарец – магистер по осигурување и менаџмент со ризик и докторант на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, раководител на секторот наплата во СН Осигурителен Брокер.

Предавањето го поттикна интересот на младите, кои низ плодна дебата со експертите се фокусираа на различни аспекти на финансиската писменост.

„Финансиската писменост претставува основен предуслов за стабилен и развиен економски систем. Финансиски едуцираното население подобро ги користи предностите на финансиските производи, подобро го разбира финансискиот систем и со тоа има способност да носи издржани финансиски одлуки, воедно подобро може да се заштити од евентуални финансиски ризици, а што во крајна линија придонесува и за одржлив економски раст. Но, финансиската писменост не е процес кој може да се одвива стихијно, туку подразбира координиран пристап на сите инволвирани страни, како на финансиските институции како носители на финансиска едукација, така и на сите останати општествени чинители.“-посочи Босилкова, додавајќи дека финансиската писменост е јавно добро, а не индивидуален интерес. Неопходна е интегрирана заедничка заложба и заеднички ангажман визијата да се развие и имплементира во успешни национални стратегии кои ќе бидат во насока на постигнување финансиска стабилност и економски раст на земјата, рече таа.

„Мудрото управување со парите е основен предуслов за еден млад човек да може да носи здрави финансиски одлуки и со тоа да гради здрава финансиска сегашност и иднина. Првиот чекор е правилна информираност во однос на финансиските инструменти и нивната примена. Особено е важно за секој млад човек што порано да научи да управува со своите приходи и расходи, да планира свој личен буџет и тековно да се едуцира за можностите за унапредување на неговата финансиска благосостојба.“-рече Шијакова.

Покрај механизмите за штедење и инвестирање, на дебата се дискутираше и за осигурителните механизми.

„Осигурителната писменост е знаење и разбирање на термините, концептите и принципите поврзани со осигурувањето како што се: достапните видови полиси за осигурување, Како да се постапи при автомобилска штета, Како да се постапи при штета во странство како да се постапи при материјална штета предизвикана од природни катастрофи. Познавањето за овие теми ни  овозможуваат да се заштитиме од: купување на погрешен тип полиса со несоодветна покриеност, плаќање на повисока премија и осигурителна измама. Секогаш бирајте квалитет и купувајте од професионалци кои се со докажано искуство. Менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае, затоа е уште поважно да се научи што порано во животот. Затоа ги препорачуваме следните: постави си јасни цели, направи си буџет, започни со штедење рано, користи го правилото 50/30/20, секогаш плаќај ги долговите, раздели ги твоите потреби од твоите желби, научи за даноците. Најдобрата инвестиција е да инвестираш во себе. Постојат голем број нешта кои може да ги направиш за да инвестираш во себе како што се зголемување на твоето знаење преку курсеви, нови сознанија преку ново хоби, грижа за сопственото здравје, како и заштита на себеси и она што го поседувате преку осигурување на возилото, имотот, себе си од незгода, животно осигурување и приватно здравствено осигурување.“-посочи Паришко.

„Финансиската едукација треба да започне што е можно порано и сметам дека потребно е да се предава и во училиштата, се со цел младите уште од рана возраст одговорно да се однесуваат во сите животни фази. Што се однесува до осигурувањето како механизам за заштита на финансиските и личните интереси на луѓето, важно е да се сфати дека тоа е инвестиција, а не трошок. Но, за да се разбере ова суштинско прашање, потребна е таа финансиска едукација. Би нагласила дека консултацијата со брокер може да помогне да се разјаснат сите недоумици и да се избере најдобрата полиса за индивидуалните потреби.“-рече Танатарец.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје