Погодено одморалиште во Мелитопол, две лица загинаа
Објавено во: Свет 11 Декември, 2022 08:13
Нови жртви во Украина. Најмалку двајца луѓе загинаа, а десет од нив се повредени во украински ракетен напад врз градот Мелитопол во областа Запорожје, објавија проруските власти, пренесува Ројтерс.
Погодено е одморалиште во градот. Украинските власти потврдија дека имало напад во овој град.
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да им обезбедат оружје со долг дострел, со цел, како што рече, „да ги уништат руските магацини и командни центри на земјата агресор“.
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за „Die Zeit“ признава дека го „залажувале“ рускиот лидер Владимир Путин за договорите од Минск.
Предлози за нормализирање на односите на истокот на Украина главно даваа германски политичари, но сега Меркел призна дека сето тоа е направено само за да се обезбеди време Киев да се вооружи и зајакне. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




