14 Декември, 2025
0.1408

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО НАД АНГЛИЈА: Патници ширум светот се погодени, претстојат денови на хаос!

Објавено во: Свет 21 Март, 2025 09:22

Добивај вести на Viber

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос по катастрофалното 24-часовно затворање на лондонскиот аеродром Хитроу, што доведе до пренасочување на летови додека се воздухот и десетици откажувања.

Еден од најпрометните аеродроми во светот, кој опслужува повеќе од 200.000 патници дневно, беше принуден да се затвори денекса, откако пожар во блиската трафостаница предизвика голем прекин на електричната енергија.

Американските патници што требаше да слетаат на Хитроу во петокот навечер по локално време беа нагло пренасочени додека беснееше пожарот и се прошири веста за затворањето, според податоците на FlightRadar.

Ситуацијата на летовите во реално време можете да ја проверите ТУКА.

Вкупно 120 авиони кои веќе беа во воздух беа пренасочени или вратени назад, а бројни летови беа одложени или откажани поради инцидентот.

Патниците од Сан Франциско, Јапонија и Перт во Австралија се најдоа во средината на хаосот, при што се проценува дека затворањето ќе влијае на 1.351 лет на Хитроу во текот на денот.

Тоа значи дека околу 145.000 патници би можеле да бидат погодени од затворањето, според податоците од авијациската аналитичка компанија Цириум.

Авионите од Далас, Чикаго и Минеаполис се враќале дома откако веќе поминале и до три часа во воздух, пишува Дејли мејл.

Патниците на другите летови од САД ќе бидат пренасочени на други аеродроми низ земјата. Така, на пример, лет од Далас ќе слета во Бангор, Мејн, наместо во Лондон, додека лет од Сан Франциско ќе заврши на аеродромот Далес.

Големи делови од Лондон без струја

Повеќе од 16.300 домови останаа без струја поради голем прекин на електричната енергија, објави на X добавувачот на енергија „Scottish and Southern Electricity Networks“.

Компанијата ги повика сите кои зависат од електрична енергија за медицински потреби и имаат потреба од помош да се јават.

Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.

- За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23:59 часот на 21 март, соопшти аеродромот Хитроу на X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.

Нема официјални податоци за тоа колку летови до и од Хитроу ќе бидат откажани, но службата за следење летови FlightRadar24 проценува дека може да има најмалку 1.351.

- Овој број не ги вклучува летовите што може да бидат откажани или одложени поради тоа што авионите не се на нивните предвидени локации, додаваат од службата.

Најмалку 120 летови се веќе на пат кон Хитроу и ќе мора да бидат пренасочени.

Хитроу е најголемиот аеродром во Велика Британија, со околу 1.300 слетувања и полетувања дневно. Низ неговите терминали минатата година поминале рекордни 83,9 милиони патници.

Во меѓувреме, лондонскиот аеродром Гетвик потврди дека нуди поддршка со „прифаќање пренасочени летови како што се бара“.

- Летовите од Лондон Гетвик денеска се одвиваат нормално, додаде аеродромот. 

Фото: FlightRadar

Можеби ќе ве интересира

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела